Размена на искуства за медиумска писменост со Холандија

Се чита за 0 мин.

Овие активности се дел од проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, што МИМ и ИД го спроведуваат заедно со Европскиот центар за новинарство од Мастрихт, во соработка со македонското Министерство за образование и наука. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Холандија.

 

Во рамки на студиската посета на Амстердам, групата обучувачи од Македонија имаше средби со професори и со студенти од неколку образовни институции каде медиумската писменост е целосно интегрирана во наставниот процес - од физика до социологија, при што беа презентирани предметите и методологијата на предавање, а беа споделени и наставни планови. За македонската делегација беа организирани и средби во холандското Министерство за образование и уште во неколку невладини организации, кои взаемно соработуваат за развој на медиумската писменост во образованието. Притоа, обучувачите се запознаа со националната стратегија што ја спроведува холандската Влада во оваа сфера.

 

Инаку, по финализирањето на прирачникот за медиумска писменост, групата обучувачи треба да почнат со реализација на предвидените 55 обуки за професори од основните и од средните училишта во Македонија, кои во иднина треба да го вклучат медиумскиот пристап при предавањето на наставните содржини. 

 

http://www.ejc.net/about/press_releases/empowering_macedonia_with_media_literacy/