Прирачниците за медиумска писменост и медиумска култура се наменети за одделенските и за предметните наставници, да им бидат поддршка и инспирација при планирањето и реализирањето на часовите на кои се разработуваат содржините за медиумска писменост и за медиумска култура.
Прирачниците се подготвени во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука.