Ги покануваме сите заинтересираните кандидати да се пријават доколку ги поседуваат следните квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Познавање на англиски јазик преку конверзација и пишување на напредно ниво
- Работа со компјутер (работа со Микрософт офис пакет, Интернет)
- Познавања на медиумската сцена во Македонија
- Искуството од работа во невладини и/или странски организации или медиуми ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати да испратат професионална биографија и писмо на мотивација на македонски јазик најдоцна до 21 септември(понеделник) до 12 часот на адреса: mim@mim.org.mk со назнака: пријава за програмски асистент.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.