Освен вести за културни и спортски настани на страницата може да се најдат повеќе информации и околу историјата и иднината на процесот на проширување на Европската Унија, како и за статусот на земјите од ЈИЕ во контекст на проширувањето.
Тимот кој што ја креираше веб-страницата ги повикува сите заинтересирани кои сакаат да придонесат кон нејзино развивање да ги контактираат преку контакт адресата оставена на вебот.
Овој проект е дел од информативните активности што Европската Комисија ги спроведува во контекст на проширувањето на Европската Унија.