Реакција од Македонскиот институт за медиуми во врска со информацијата за блокирањето на сметките на А1 ТВ и дневните весници Време, Шпиц и **** е ре

Reading time: 0 minute(s)

Истакнуваме дека институциите кои се надлежни за спроведување на законските процедури, мора да го имаат предвид фактот дека оневозможувањето на нормалното функционирање на кој било медиум ги нарушува слободата и медиумскиот плурализам, и затоа апелираме за особена внимателност и неселективност при постапувањето во вакви случаи.
Неможноста новинарите редовно и непречено да работат ја загрозува демократијата,  слободата на медиумите, слободата на  говорот и  правото на информирање на граѓаните, како основни човекови права. Ваквата состојба негативно ќе влијае врз имиџот на државата и нејзините институции, врз остварувањето на јавниот интерес на граѓаните и нивното право на пристап до различни политички мислења и гледишта    преку медиумите. МИМ им изразува поддршка на сите новинари и медиумски работници во овие четири медиуми и потенцира дека поддршката и професионалната солидарност од сите колеги е неопходна.
Потенцираме дека,  како надлежно тело за спроведување на Законот за радиодифузија, кое треба да се грижи за слободата на изразувањето и плурализмот во областа на радиодифузната дејност, Советот за радиодифузија треба поактивно да се вклучи во овој случај со цел да се расчисти конфузијата околу можното затворање на А1 ТВ и за тоа  да ги информира граѓаните.