Активизам

Begalci

Бегалците во македонските кампови: неизвесност, страв и надеж за подобро утре

Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци. Нови бегалци не влегуваат во Македонија, но останува отворено прашањето дали на земјава може да и се случи нов бран на бегалци.   Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.   Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.  
R.kultura2

Руралната култура - прозорец на светлината

Еден проект со три театарски престави, три изложби и концерти ги размрдаа жителите на струмичките рурални општини Василево и Босилово кои имаа подзаборавено на културни настани. Соговорниците во оваа видео сторија го нагласуваат континуитетот како важен елемент за опстојување на културата низ селските средини, кој сега недостасува. И професионалците и аматерите сведочат за важноста на културните случувања за кои публиката е гладна. Ако целта е да се изградат генерации кои ќе негуваат култура и уметност тогаш селата не смее да останат во изолација. Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА. Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.  
Deponii

Регионалните депонии – ризик за здравјето

Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа. Само една е легална и работи според стандарди. Македонија во ѓубре. Закони за заштита на животната средина има, реализација нема. Причина? Чини пари. Во државниот Буџет за оваа намена средства нема. Товарот ќе треба да го понесат граѓаните преку повисоките сметки за ѓубрарина. Но, политичар кој би донел ваква одлука, нема! Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.   Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.
L.fantomi2

Лицата фантоми невидливи за државата

Во Македонија има околу 3000 фантоми или лица без идентитет. Тие немаат право на здравствено осигурување и работа, не можат да гласаат, ниту да заминат од земјава. Едноставно се невидливи за системот и државата. Преку животната приказна на семејството Сулејман од Шуто Оризари, ви ја пренесуваме голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе, чиј проблем наместо системски да се реши, бројот на фантомите секоја година се' повеќе се зголемува.   Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.   Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.
Ezera

Дотраените колекторски системи - закана за езерските води

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет. Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА. Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.
Jugo

Хаотично спроведување на регулативата за Б-интегрирана еколошка дозвола

Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика.
Pisarev

Кинеска мудрост во долината на Радика

Вештините на рачна изработка, кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација, и во современи услови на живеење може да овозможат економска корист. Токму таков е примерот со жените од реканскиот крај. Тие, својот талент и креативност го користат за да станат финансиски самостојни и да се чувствуваат општествено продуктивни. Оваа видео приказна го доловува неисцрпното богатство и традиција што ја негуваат реканските жени, кои по своите производи се веќе познати и во земјата и во странство.
Bolnica

Здравството во канџите на бирократијата

Македонија е трета во Европа по смртност од рак, а немаме ни обичен регистар на болни! Како може здравствениот систем да стигне до национална стратегија за борба против тешките болести, како што е ракот? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Но, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите.
Pokrov.izbor

Покров: Порта за излез од пеколот

Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“.