Истражувања

GEMA MK 24 01 08 1

Анализа: Мапирање добри практики за медиумскиот активизам

Наместо само канали за комуникација и претставување на општествената реалност, демократските медиуми се предуслов за успешно функционирање на демократијата. Во репресивните режими низ светот независното новинарство работи под притисоци, а во некои од нив буквално беше уништено. Медиумската криза сепак е глобална, при што медиумите во голема мера се заробени од корпоративни и од политички интереси.  Глобалните трендови на поларизација и радикализација среде војните во Украина и регионот Левант само ги влошуваат проблемите, а исто така и технолошките промени и доминацијата на големите технолошки платформи што се закануваат дополнително да го намалат општиот интерес, како и независното и квалитетно изготвување содржини. Поради тоа медиумскиот активизам стана толку важен. Извештајот „Мобилизација за заштита на јавниот интерес во медиумите“ што го подготви истражувачката Санела Хоџиќ, е поттикнат од идејата дека работењето на медиумите и медиумските реформи ќе го одредат текот на историјата и дека мапирањето на добрите практики, ќе ни помогне да го предвидиме медиумскиот активизам што може да овозможи распространетост на вредностите од јавен интерес во новинарството, медиумите и комуникацијата во овие кризни времиња. Медиумскиот активизам може да биде насочен кон промени во медиумските институции, медиумските политики, медиумските содржини и практики, но и кон создавање алтернативни медиуми, односно простори што обезбедуваат содржини од јавен интерес и кои промовираат демократски вредности. Имајќи го тоа на ум, прегледот на добри примери на медиумски активизам што го претставуваме во овој извештај има за цел да инспирира поцелисходни и агилни акции за одбрана на јавниот интерес во медиумите и во комуникацијата. Поконкретно, има за цел да инспирира создавање добри практики за медиумска и информациска писменост од страна на коалициите и граѓанските организации (ГО), во рамките на проектот „Нашите медиуми“ и пошироко. Медиумскиот активизам и медиумската и информациската писменост се суштински поврзани бидејќи само медиумски писменото граѓанство придонесува за мобилизација што може да придонесе кон значителни медиумски и комуникациски реформи. Прегледот вклучува примери на медиумски активизам од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) и Турција, како и од земјите на ЈИЕ и остатокот од светот. Мапирањето на добрите практики беше спроведено во периодот од јуни до октомври 2023 година, првенствено врз основа на секундарно истражување, а онаму каде што беше потребно беше спроведено и примарно истражување, односно анализа на содржините на онлајн изворите и на барањата за информации до институциите што се надлежни за прашања поврзани со медиумите. Кон истражувањето придонесоа истражувачите од седум држави од регионот: Илда Лондо (Албанија), Анида Сокол (Босна и Херцеговина), Флорент Спахија (Косово), Милица Богдановиќ (Црна Гора), Весна Никодиноска (Северна Македонија), Милица Јањатовиќ Јовановиќ (Србија) и Синем Ајдинли (Турција). Овој извештај почнува со дискусија за дефинициите и за концептуалната рамка на медиумскиот активизам, по што следува кус преглед на историјата на медиумскиот активизам. Потоа презентираме и накратко анализираме добри примери на медиумски активизам, а во завршниот дел ги дискутираме можностите и предизвиците и предлагаме типологија на медиумски активизам. Конечно, овој извештај се стреми да претстави добри примери за медиумски активизам, вклучувајќи ги и оние што успешно придонесоа за промени во медиумските политики и практики, но исто така и за преиначување на јавните политики и подигање на јавната свест, искористување поширока поддршка, вклучување нови теми или видови активности, или пак, активности што се успешни само до тој степен што постојат како предизвик за постојните политики и практики. Ние не тврдиме дека сме ги избрале најдобрите, најделотворните примери на медиумски активизам, туку се стремиме кон различност во однос на тематскиот фокус, видовите акции, групите на кои им припаѓаат учесниците, географскиот локус и политичкиот контекст. Оваа публикација е резултат на истражувањето спроведено како дел од проектот „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање дијалог“. Второто по ред истражување беше спроведено во тематската рамка „Мапирање на добри практики на медиумски активизам во разни региони во светот, вклучително и во земјите-кориснички на проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија, Србија и Турција“. Проектот „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање дијалог“ заеднички го спроведуваат девет организации за развој на медиуми од Западен Балкан и од Турција со финансиска поддршка од Европската Унија. Координатор на тригодишниот проект е Фондацијата Медиацентар Сараево. Партнери во проектот се Албанскиот институт за медиуми од Тирана; Бианет (Bianet) од Истанбул; Македонскиот институт за медиуми од Скопје; Институтот за медиуми на Црна Гора од Подгорица; Новосадската школа за новинарство од Нови Сад; Мировниот институт од Љубљана; Советот за печат на Косово од Приштина; и Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (SEENPM). АНАЛИЗА: Мапирање добри практики за медиумскиот активизам536.17 KBANALYSIS: Mapping Good Practices of Media Activism733.86 KB
Ourmedia NMK 23 11 21

Медиумската саморегулација: Неопходно зајакнување на механизмите и унапредување на ефективноста

Оваа анализа ја истражува состојбата со саморегулацијата во медиумскиот сектор во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на клучните етички документи и на улогата на релевантните тела во оваа сфера – Советот за етика во медиумите, Советот на честа при ЗНМ и Етичката комисија во јавниот радиодифузен сервис МРТ. Истражувањето содржи критичка анализа на капацитетите на постојните саморегулаторни механизми, на предизвиците и на добрите практики што произлегуваат од нивното функционирање, особено во новото дигитално опкружување. Анализата укажува дека е потребно натамошно зајакнување на кадровските, финансиските и на професионалните капацитети на саморегулаторните тела, со цел ефективно да се справуваат со предизвиците во променливиот медиумски пејзаж. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог: Медиумската саморегулација во Северна Македонија486.04 KBMedia self-regulation in North Macedonia581.14 KB  
Web Cover Otpor Eng

Инфографик: Доверба во медиумите во Западен Балкан „Заеднички поделени“ - Главни наоди од истражувањето“ (прв дел)

Наодите претставени во овој инфографик се дел од истражувањето на довербата во медиумите, спроведено во рамки на проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, во 2020 година, во седум земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, С. Македонија, Србија, Турција и Црна Гора.
Visuals 800x480 2 03

Инфографик: Наративи на омраза во Западен Балкан и Турција

Наодите претставени во овој инфографик се дел од истражувањето на наративите на омраза, спроведено во рамки на проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, во 2020 година, во седум земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, С. Македонија, Србија, Турција и Црна Гора.  
Trust

Професионалното новинарство и медиумски писмената јавност – клучни за зголемување на довербата во медиумите

Целта на ова истражување е да утврди што влијае врз довербата на граѓаните во медиумите и како тие ги препознаваат и ги вреднуваат професионалните медиуми и новинарството од аспект на јавниот интерес на кој треба да му служат, медиумските слободи и независноста на медиумите. Истражувањето ги вклучува и перцепциите на граѓаните за тоа дали медиумите шират омраза, дезинформации и пропаганда. Се анализира и медиумско-родовата димензија, при што се разгледуваат ставовите на граѓаните за причините што ги прават новинарките мета на нападите и институционалните механизми за нивна заштита. Ова е трето истражување во рамките на регионалниот проект на Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“, финансиран од Европската Унија. Се состои од два дела: анкета на јавното мислење за довербата во медиумите и родовите прашања во медиумите на Западен Балкан и фокус-група со новинари и уредници. Двете активности беа спроведени во периодот февруари-март 2021 година. Извештајот од истражувањето е достапен во прилог:  ИЗВЕШТАЈ: Професионалното новинарство и медиумски писмената јавност – клучни за зголемување на довербата во медиумите409.51 KB  
MK Chapter4

Преглед: Регулаторна и саморегулаторна рамка за справување со говорот на омраза и дезинформациите во С. Македонија

Говорот на омраза во Р. С. Македонија е во пораст во 2020 и 2021 година, особено на интернет. Регулаторната рамка што се однесува на говорот на омраза опфаќа одредби во неколку закони, но и телото за саморегулација во медиумите исто така е надлежно да реагира во вакви случаи. Прашањето за дезинформациите не е законски регулирано, туку е во надлежност на саморегулацијата и на сервисите за проверка на факти. Овој документ претставува преглед на основните правни и саморегулаторни механизми што се однесуваат на овие теми, како дел од проектот „Отпор: Граѓанското општество за медиуми без говор на омраза и дезинформации“. Документот е достапен во прилог. Регулаторна и саморегулаторна рамка за справување со говорот на омраза406.28 KB
Cover Re 1

Медиумски и комуникациски модели кои шират говор на омраза и дезинформации

Причините за создавањето и за ширењето на говорот на омраза, дезинформациите и пропагандата преку медиумите во Македонија најчесто лежат во поврзаноста на медиумите со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Темите што ги „хранат“ овие феномени се генерираат од долгата историја на политичка и на етничка поделеност на општеството и вообичаено се засилуваат во кризни или во предизборни периоди. Говорот на омраза на политичка и на етничка, како и на сексуална и на родова основа е во пораст на социјалните мрежи. Ова се некои од заклучоците во истражувањето „Политичка и економска основа на медиумските и на комуникациските модели што шират дезинформации и говор на омраза“, кое што го спроведе МИМ во рамки на проектот „ОТПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ што е поддржан од Европската Унија. Во заклучоците се наведува дека двете теми - глобалната криза предизвикана од коронавирусот во почетокот на 2020 година, која се поклопи со периодот пред одржување на парламентарните избори, создадоа „набој“ за ескалација на дезинформациите и говорот на омраза на политичка и на етничка основа, но и врз основа на здравствена состојба. Дел од препораките кои се однесуваат на медиумската заедница и на граѓанскиот сектор се во насока на поддршка на саморегулаторните механизми во медиумската сфера за да се спречи непрофесионалното и неетичко работење и да се заштити публиката од погрешно и од непрофесионално информирање од одредени медиуми. Кога станува збор за говорот на омраза, надлежните институциите треба да покажат проактивност и ангажираност при негово гонење и процесирање, вклучително и во интернет-просторот, со оглед на податокот дека бројот на пријавени случаи е во пораст. Бизнис-заедницата и огласувачката индустрија треба да дискутираат за општествената одговорност на големите компании, кои при носењето одлуки каде да се рекламираат, треба да ја земат предвид професионалноста на медиумите и да ја поддржат работата, пред сѐ, на квалитетните медиуми. Граѓаните, пак, треба да стекнуваат вештини за критичко размислување за да можат да ги разликуваат вистината и фактите од дезинформациите, манипулациите и пропагандата преку медиумите, се вели во препораките од истражувањето.   Целосниот текст од истражувањето е прикачен во прилог.   Проектот „ОTПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ го спроведуваат девет медиумските организации  од регионот: СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт и Бианет.    Медиумски и комуникациски модели кои шират дезинформации и говор на омраза517.08 KB
Monitoring.izvestaj

Актуелната висока политика ги потиснува оригиналните новинарски теми на маргините на ударните вести

Македонскиот институт за медиуми, во период од од 17 до 23 јуни 2019 година, спроведе мониторинг на централните информативни изданија на шесте најгледани телевизии во земјата - петте национални терестријални канали ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Телма, ТВ Сител и ТВ Канал 5, како и на ТВ 24 која емитува преку сателит на државно ниво. Целта на истражувањето е да утврди колкава е разновидноста на теми, жанрови, актери, новинарски ангажман и географска застапеност во централните-информативни изданија на најгледаните телевизии во државава. Беше разгледувано кои се ударните теми, кој е жанровскиот избор односно различните пристапи во обработката на темите, кои географски локации се најзастапени, ангажманот на самите медиуми и новинари, но и вклученоста на различни субјекти од политичкиот, општествениот, економскиот и од културниот живот. Истражувањето особено се осврнува на тоа колку најгледаните телевизии во земјата се „граѓански“, односно колку се отворени кон вклучување на самите граѓани во креирањето на содржините, преку изборот на теми што произлегуваат од граѓаните или директно ги засегаат, и преку пренесување на гласот на граѓаните и на граѓанските организации при известувањето за темите од внатрешната и од надворешната политика, економијата, правосудството, здравството, образованието, и од другите области на општественото живеење. Еден од заклучоците од истражувањето упатува на големи сличности во изборот на темите за кои известуваа телевизиите, начинот на кој им пристапуваа, актерите преку кои ги претставуваа и жанровите со кои ги обработуваа. Исто така, истражувањето покажа дека фокусот на медиумите кон следењето на активностите на членовите на Владата беше многу посилен отколку известувањето за која било друга категорија општествено-политички актери и ниту една телевизија не е исклучок од оваа практика. Вклучувањето на граѓаните во вестите беше на задоволително ниво, со оглед на тоа што тие се втора најзастапена категорија веднаш по членовите на Владата. Граѓанското учество можеше да се види преку пласирање теми што биле поттикнати од активностите или од состојбите со кои се соочуваат групи граѓани или поединци, како и преку вклучувањето на мислењата на граѓаните за другите актуелни теми. Целосниот извештај и заклучоците од истражувањето може да ги погледнете во прилог. Извештај од мониторинг378.03 KB Monitoring report421.89 KB
Analiza Mrtv

Анализа: Структурната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија

Македонското законодавство ги интегрира сите меѓународни документи и препораки што гарантираат предуслови за родова и економска еднаквост на сите граѓани во различни  општествени сфери, вклучително и во медиумската. Сепак, практиката во изминативе децении покажува дека законските и стратешките документи, со кои се поттикнува принципот на еднакви можности и еднакво учество на жените и на мажите во креирањето на програмските концепти и содржини или соодветно портретирање преку медиумите на секое лице без оглед на неговиот пол, не се имплементираат соодветно. Oва е само еден од заклучоците од анализата „Структураната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целта на истражувањето е да се утврди каква е структурната положба на жените во медиумите во Македонија, земајќи ја предвид нивната застапеност на разни нивоа во управувачките структури и во структурата на вработенoста во некои од највлијателните медиуми во Македонија, нивната образовна подготвеност, можностите за професионален развој, економската и безбедносната положба.