Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик

Како дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Институтот за демократија и Бирото за развој на образованието, издаде Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик.

Овој прирачник има за цел да им помогне на наставниците да ги унапредат познавањата на учениците за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Намерата е учениците да се стекнат со способност критички да им пристапуваат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки коишто доаѓаат од различни извори – печатени и електронски медиуми, Интернет, реклами - што би им овозможило поангажирано да се вклучат во демократските процеси.
Прирачникот за медиумска писменост е достапен на македонски, албански, српски и турски јазик. Публикацијата содржи пет наставни единици и примери за секоја од нив, како и корисни идеи за наставниците како да ги организираат часовите со примена на принципите на медиумската писменост.