Тимот на Македонски институт за медиуми е спој од искусни професионалци, обединети од заедничката мисија за унапредување на медиумските стандарди и поттикнување на транспарентноста. Со страст и професионалност, заедно ја градиме иднината на медиумите.
Билјана Петковска
Директор
Дваесет години работи во сферата на развојот на медиумите, пристапот до информациите и унапредувањето на квалитетот на новинарството и слободата на говорот. Иницирала и раководела голем број национални и регионални медиумски иницијативи, а била и консултант за односи со јавноста и комуникација со медиумите за потребите на повеќе државни институции и невладини организации. Работела и како новинар во неколку весници. Одлично ги познава трендовите и проблемите во развојот на медиумите во Југоисточна Европа и од 2017 до 2020 година беше претседателка на Мрежата за професионализација на медиумите во ЈИЕ (SEENPM). Била член на стручни тела на неколку организации од земјата и странство, а учествувала во иницирањето и подготовката на повеќе прирачници за новинари и стручни анализи од медиумската сфера. Дипломирала на Катедрата за новинарство на Правниот факултет во Скопје.
Весна Никодиноска
Виш програмски менаџер
Има 15 годишно искуство во медиумската сфера, како новинар и проектен раководител во НВО секторот. Во МИМ работи на различни проекти, а е задолжена и за активностите поврзани со издаваштво и истражувања од областа на медиумската сфера. Автор и уредник на повеќе публикации поврзани со медиумите и комуникациите, а има искуство и како тренер во областа на медиумската писменост. Како професионален новинар била дел од редакциите на неколку печатени изданија во земјата. Има учествувано на повеќе обуки и конференции поврзани со новинарството, медиумите и комуникациите во земјата и во странство. Дипломирала новинарство на Правниот факултет во Скопје, а магистрирала во областа на глобалните комуникации на Американскиот Универзитет во Париз.
Ивона Василова
Програмска поддршка
Одговорна за организирање и координација на програмските активности и настани, како и за управување со базата на податоци. Обезбедува логистичка поддршка при организацијата и спроведувањето на проектните активности, од контактирање на засегнатите страни до подготовка и дистрибуција на известувања, соопштенија до медиумите и публикации. Задолжена за записниците од сите состаноци на МИМ, со цел обезбедување неопходни информации и ефикасна коресподенција меѓу вработените во компанијата, како и со надворешните соработници. Дипломирала на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, на студиската програма по корпоративни комуникации и односи со јавноста. Во моментот е на магистерски студии по менаџмент на стратегиски комуникации на Институтот за комуникациски студии.
Славчо Миленковски
Координатор за мултимедија, Веб и систем администратор
Ги координира активностите за продукција на мултимедијални содржини. Раководи со веб-платформите и социјалните медиуми на Институтот, ги одржува компјутерските системи и обезбедува поддршка во спроведување на проекти, истражувања, јавни настани и кампањи.
Има учествувано на повеќе обуки за проектен менаџмент, развој на граѓанско општество, дигитална форензика и верификација на информации, дигитален маркетинг, и-меил и „клауд“ сервиси. Дипломирал новинарство на Правниот факултет во Скопје, а магистрирал на Економскиот институт – Скопје, на тема „Улогата на односите со јавноста и општествената одговорност во градењето на корпоративниот имиџ на компаниите во Република Македонија“.
Марина Златевска Ристовска
Финансии и администрација
Од 2011 година работи како финансиски асистент во МИМ. Задолжена е за изработка на финансиски извештаи за тековните проекти, регистрација на проекти, усогласување на трошоците според македонски и меѓународни стандарди, подготовка и архивирање на проектна докумантација, евиденција на трошоци и останати финансиски и административни активности. Учествувала на поеќе локални и регионални конференции и работилници. Дипломирала на катедрата менаџмент на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Паралелно со студиите се стекнува со практично искуство од областа на сметководството и финансискиот менаџмент преку својот ангажман во приватно сметководствено биро. По завршување на студиите била ангажирана како волонтер во една од најголемите македонски банки, во секторот за високо-ризични кредити. Во моментот е на магистерски студии по менаџмент на стратегиски комуникации на Институтот за комуникациски студии.
Дениз Мемеди
Проектен координатор
Завршил докторските студии по меѓународни односи и политички науки на универзитетот „Јилдиз Текник“ во Истанбул. Вработен е како програмски координатор во Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и е надворешен соработник (академски кадар) на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Досега бил соработник на различни невладини организации на национално и меѓународно ниво и учесник на голем број меѓународни обуки, семинари и конференции. Негови области на интерес се медиумската писменост, меѓународни односи и меѓународните организации, и анализата на надворешната политика.
Сузана Николовска
Асистент за финансии и администрација
Одговорна е за финансиско-сметководственото работење. Врши евидентирање и ажурирање на секојдневната сметководствена документација. Подготвува документи за банка и врши исплати и уплати во денарскиот и девизниот платен промет. Дипломирала на Економски факултет насока финансиски менаџмент отсек финансиско сметководствен менаџмент.
Анастасија Крацовска
Правна поддршка и администрација
Дипломирала на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а во 2024 на истиот факултет се стекнува со титула магистер по финансии и финансово право. Покрај академските искуство, активно учествувала на бројни обуки и работилници поврзани со финансовото право и регулативите што ја уредуваат оваа област, како на национално така и на меѓународно ниво.
Во МИМ обезбедува правна поддршка во административното и финансиското работење, активно учествува во управување со финансиските активности, евиденција на трошоците и нивното усогласување според македонските и меѓународните стандарди, како и подготовка на проектна документација.
© 2024 Македонски институт за медиуми