Тековни проекти

Новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината

Времетраење: 2011 –

Донатор: МИМ

Опис:

Македонскиот институт за медиуми секоја година ја доделува наградата за најдобра истражувачка сторија на годината.

Оваа традиционална награда, која започна да се доделува од 2001 година, претставува најпрестижна награда во македонската медиумска заедница.

Покрај тоа, МИМ создаде фонд за поддршка на истражувачки стории и секоја година поддржува околу 10 новинарски идеи за истражувачки стории.

Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, на медиумските професионалци и активисти, како и на граѓаните со цел подобро да ги разберат трендовите и предизвиците поврзани со слободата и интегритетот на медиумите на Западен Балкан и Турција, се меѓу главните цели на регионалниот проект „Нашите медиуми“ што ќе се спроведува во следните три години (2023-2025).

Проектот ќе се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција, од страна на партнерските организации коишто се дел од Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ), Медиацентар (Сараево)Албанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), а со финансиска поддршка од  Европската Унија.

Повеќе

Иницијативата „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, што ја спроведуваат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), е посветена на зајакнување на независноста и етичките капацитети на новинарството во земјата. Проектот се спроведува од 1 јануари до 31 октомври 2026 година, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Активностите се насочени кон градење на интегритет и отпорност кај медиумските професионалци, преку зајакнување на етичките стандарди и саморегулацијата. Клучна активност е подготовката на нов, современ Кодекс на новинарите. Подготовката на Кодексот подразбира инклузивен и сеопфатен процес со учество на сите релевантни чинители во медиумската сфера, со цел тој да биде широко прифатен и применлив во секојдневната новинарска пракса.

Актуелно