Прашања и одговори

Се чита за 1 мин.

ВИДЕО: Информативна сесија

       Прашање Одговор
1 Дали може една организација да поднесе повеќе апликации?
Поединечна граѓанска организација може да се пријави како апликант само еднаш, а може да дејствува
како ко-апликант во други проекти од овој повик.

2 Дали може регионална телевизија да аплицира?
Согласно критериумите за прифатливост, апликантот мора да биде регистриран како граѓанска организација и да ги исполнува следните услови:
Апликант
1. Граѓанската организација е правно лице основано и регистрирано во С. Македонија согласно нејзините закони и прописи. [1]
2. Граѓанската организација делува во областите на медиуми, слободата на изразување или дигитални технологии, како и во областа на образование, човекови права или родова еднаквост, што се докажува со решението за регистрација.
3. Граѓанската организација активно делува најмалку една година (т.е. најмалку 12 месеци пред датумот на објавување на овој повик за предлози).

 3 Дали може да граѓанска организација да аплицира, а ко-апликант да и биде регионална телевизија?
Согласно критериумите за прифатливост, ко-апликантот мора да биде регистриран како граѓанска организација и да ги исполнува следните услови:
Ко-апликант
1. Граѓанската организација е правно лице основано и регистрирано во С. Македонија согласно нејзините закони и прописи.

4 Дали има ограничување на број на апликанти што би добиле грант од еден регион во државата (на пр. колку апликанти од Југоисточен регион)? Не постои ограничување на број на апликанти што би добиле грант од еден регион.
5 Дали може да се аплицира како новинар – поединец?
Согласно правилата на грантовата шема од проектот "Нашите медиуми", не се предвидени грантови на физички лица. Главниот апликант и ко-апликантот (доколку има) задолжително е да бидат граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации во Р. Северна Македонија.Предност ќе имаат партнерства меѓу две граѓански организации од кои главниот апликант да биде од поголем град, а ко-апликантот од помалите рурални средини.

6 Делот на буџетот, точка 1 (Човечки ресурси): дали може да се вклучат лица - членови на здружението што се вработени на други места, а ќе бидат дел од проектните активности или треба да се стават во Точка 3.1?
Буџетската линија 1. Човечки ресурси е предвидена за трошоци за нето плати и социјални придонеси за лица кои се во редовен работен однос во организацијата, а ќе бидат дел од тимот кој ќе работи на овој проект. Буџетска линија 3.1. Хонорари за членови на проектниот тим е предвидена за трошоци за хонорари (нето износ + персонален данок) за лица кои се ангажирани на основ на договор за дело/авторски договор.

7 Во Точка 3.1. дали треба вкупен збир на лицата што ќе бидат ангажирани или да отвориме нови колони за секое лице поединечно?
Во буџетската линија 3.1. Хонорари за членови на проектниот тим треба да се отворат повеќе редови зависно од бројот на позиции кои планирате да ги вклучите во рамки на истата. Пример, доколку планирате да ангажирате надворешни лица за позициите Проектен координатор, Финансиски координатор и Истражувач, за секоја од овие позиции треба да се отвори посебен ред по следниот редослед 3.1.1. Проектен координатор, 3.1.2. Финансиски координатор, 3.1.3. Истражувач и тн. Напоменуваме дека овие позиции се наведени како пример.