ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ

Својата работа и активности МИМ ги насочува кон исполнување на следните цели:

  • Унапредување на професионалните вештини на македонските новинари и останати лица кои се професионално ангажирани во медиумите;
  • Поддршка на развојот на независни, слободни и плуралистички медиуми во Македонија;
  • Поддршка за учеството на претставниците на македонските медиуми и новинари, во обука на регионално и меѓународно ниво, како и на другите активности во однос на зајакнувањето на професионалните стандарди и етиката;
  • Развивање врски на македонските со меѓународните медиумски професионални организации и др. организации од областа на медиумите;
  • Поддршка на развојот на образованието на новинарите во Р. Македонија и
  • Развој на граѓанското општество и на демократските вредности во Р. Македонија.

Своите цели МИМ ги имплементира преку бројни активности наменети за новинари и за медиумски професионалци, кои што вклучуваат:

  • Професионални едукативни програми од областа на новинарството: обуки, конференции, семинари и работилници за новинари и други медиумски професионалци
  • Студиски патувања и посети на регионални и меѓународни програми и проекти;
  • Истражувања, студии, мониторинг и анализи
  • Документирање, превод и публикување медиумска литература
  • Програми за унапредување на медиумската политика, легислатива и заштита на слободата на говорот
  • Продукција на ТВ, радио и Интернет содржини
  • Подготовка и спроведување специјализирани обуки за односи со јавноста и комуникација со медиумите за претставници од граѓанскиот сектор, единиците на локалната самоуправа и сите субјекти кои имаат потреба од обука во оваа област.


Во активностите на МИМ досега учествувале илјадници новинари од земјава и од регионот, стотици уредници, претставници на државните институции кои се задолжени за јавна комуникација, претставници на граѓански организации кои биле обучувани за промоција и застапување на нивните активности и резултати во медиумите и јавноста. Околу 1500 наставници од сите основни и средни училишта беа обучувани за медиумска писменост и производство на мултимедијални содржини.
МИМ е активен учесник во сите процеси кои ја засегаат медиумската сфера. Со своите ставови, дискусија и експертиза редовно учествува и дава придонес на меѓународни и домашни средби, проекти, конференции, семинари, медиумски програми и разни активности кои ја адресираат состојбата во медиумите и јавната комуникација во Македонија.