Иницијативата „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, што ја спроведуваат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), е посветена на зајакнување на независноста и етичките капацитети на новинарство во земјата. Проектот ќе се спроведува од 1 јануари до 31 октомври 2026 година, со финансиски поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Активностите се насочени кон градење на интегритет и отпорност кај медиумските професионалци, преку зајакнување на етичките стандарди и саморегулацијата. Клучна активност е подготвката на нов, современ Кодекс на новинарите. Подготовката на Кодексот подразбира инклузивен и сеопфате процесе со учество на сите релеватни чинители во медиумската сфера, со цел тој да биде широко прифатен и применлив во секојдневната новинарска пракса.

Напишете коментар