Косово и медиумите - ново издание од МИМ и СЕЕНПМ

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми ја издаде книгата насловенa “Косово и медиумите”.

Публикацијата е издадена како резултат на опширното истражување за покривањето на косовското прашање во највлијателните печатени медиуми во единаесет земји во Југоисточна Европа. Истражувањето беше спроведено од центрите-членки на СЕЕНПМ (Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа) во периодот јануари-февруари 2008, кога Косово беше една од најактуелните теми во медиумите широм светот

Покрај висококвалитетните научни истражувања од истакнати истражувачи, книгата содржи и регионален преглед, како и транскрипција од интернационалната конференција за покривањето на Косово во медиумите, која беше организирана од МИМ и СЕЕНПМ во Скопје во мај 2008. Книгата во печатена форма е достапна на англиски, албански и српски јазик. Официјалната промоција ќе биде организирана на 15ти декември 2008 во Приштина, во рамките на тркалезна маса која ќе ја третира темата за медиумскиот амбиент во и околу Косово.