Актуелната надворешна политика на ЕУ, политиката на проширување, планот за раст како механизам за унапредување на евроинтеграциите и улогата на Европскиот парламент во овој процес беа дел од темите на кои новинари и граѓански активисти од земјава разговараа со претставници на институциите на ЕУ во Брисел за време на посетата од 26 до 28 март.

Учесниците имаа прилика да се сретнат и да дискутираат со членови на Генералниот директорат за проширување и источно партнерство (DG ENEST), претставници на Европската служба за надворешни работи (EEAS), експерти за справување со надворешни влијанија и манипулации со информации, како и со претставници на Европскиот парламент.
Студиската посета ја организираа Делегацијата на ЕУ во Скопје и Македонскиот институт за медиуми, со поддршка од Европската Унија.