Неопходно е да се работи на зајакнување на медиумската саморегулација, усогласување на домашното законодавство со европското и континуирана едукација со цел да се поттикнува одговорно новинарство и да се зголеми довербата во медиумите.

Ова беа главните заклучоци од дебатата со новинари од Југоисточниот регион на земјава што се одржа на 30 октомври во Штип. Настанот го организираа Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите за да укажат на најчестите прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, особено за време на избори и да поттикнат размена на мислења и искуства помеѓу колегите од овој регион во поглед на одговорноста за професионално и етичко известување.

deb stip 2

Низ конкретни промери од работата на Комисијата за жалби при Советот за етика, беа разменети мислења со цел ефикасно надминување на предизвиците со кои се соочуваат новинарите, како и за системските слабости кои ја отежнуваат нивната работа.


eu flag

Ко-финансирано од Европската Унија

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на СЕЕНПМ и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.