Прирачник за работа на училишните медиумски клубови

Прирачник за работа на училишните медиумски клубови

Учеството во новинарска секција или работата во училиштен весник се важни за учениците, бидејќи на тој начин можат да ги подобрат своите таленти за аргументирано пишување, за презентација и говорење во јавност, и да ги унапредат социјалните и комуникациските вештини. Еден од најважните чекори во медиумското описменување на учениците е кога тие самите учествуваат во процесот на креирање содржини. На тој начин учат како изгледа процесот на создавање медиумски и новинарски содржини, но и за професионалните и за етичките стандарди на новинарството. Ваквото искуство може да им помогне на учениците да развиваат критичко размислување и да прават разлика помеѓу професионалното новинарство засновано на факти, дезинформациите и пропагандата.

Со цел да се поддржат новинарските секции во училиштата, Македонскиот институт за медиуми, Младинскиот образовен форум и ИРЕКС објавуваат Прирачник за работа на училишните медиумски клубови, наменет за учениците и наставниците од основните и средните училишта. Од ноември 2023 година, во 30 основни и 10 средни училишта низ државата функционираат медиумски клубови во рамки на кои учениците подготвуваат разновидни медиумски содржини коишто ги објавуваат во училишните медиуми и на социјалните платформи.

Оваа активност е дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС, МИМ и МОФ.