Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска.
Извештајот има за цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија.
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е една од петте организации на граѓанското општество од споменатите земјите кои се партнери во истражувањето, како дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, финансиран од Европската Унија.