Од идеја до истражување: техники на современото истражувачко новинарство

Школата за новинарство од Лил (École Supérieure de Journalisme de Lille – ESJ Lille) и Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Амбасадата на Франција во Северна Македонија и продукциската куќа „Premières Lignes“, објавуваат повик за новинари за учество на обука за истражувачко новинарство. Обуката е наменета за новинари кои сакаат да ги унапредат своите истражувачки вештини, почнувајќи од развивање идеи и работа со извори и документи, па сè до проверка на информации и подготовка на истражувачка приказна.

Што ќе научите?

Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност да работат со искусни француски новинари и да се запознаат со практиките на врвното истражувачко новинарство во Франција.

Програмата ќе ги опфати следните теми:


Посебен дел од програмата ќе биде посветен на визуелното раскажување истражувачки приказни, од избор на визуелен пристап и начин на снимање, до развивање сцени, реализирање интервјуа и подготовка на сценарио за снимање.

Обуката ќе биде практично ориентирана, а учесниците ќе работат на сопствена истражувачка идеја со поддршка од обучувачите.

Целата програма овозможува создавање контакти и вмрежување со етаблирани француски медиуми и новинари.

Кои се обучувачите?

n.vescovacci pic

Никола Весковачи (Nicolas Vescovacci) е независен новинар, режисер и главен уредник во „France TV“. Во изминатите 15 години работел на истражувачки филмови за „France TV“ и „Arte“, а бил дел од продукциските тимови на познатите француски истражувачки емисии „Cash Investigation“ и „Complément d’Enquête“. Исто така, соработувал со „BBC Panorama“ и „Mediapart“. Покрај истражувачкото новинарство, располага со долгогодишно искуство како теренски репортер и известувач од кризни подрачја.

avt romain potocki

Ромен Потоцки (Romain Potocki) е новинар, документарист, фотограф и писател со 24-годишно искуство при известување од различни делови на светот. Неговата работа се фокусира на истражувачкото новинарство, документарниот филм и визуелното раскажување. Од 2012 година работи како обучувач за камера, режија и истражувачки техники.


За кого е наменета обуката?

Повикот е наменет за професионални новинари од сите редакции во Северна Македонија кои сакаат да ги унапредат своите практични знаења и вештини во истражувачкото новинарство.

Кога и каде ќе се спроведува?

Обуката ќе се реализира во два дела: првиот дел ќе се одржи на 13 и 14 ноември 2026 (петок и сабота), а практичниот дел на 16, 17 и 18 ноември 2026, во просториите на Македонскиот институт за медиуми. Работен јазик на обуката е англискиот, со можност за превод.

Како да се пријавите?

Може да аплицирате со пополнување на онлајн пријавата прикачена во прилог, во која ќе наведете кратка биографија, вашиот мотив за пријавување и контакт-информации. Бројот на учесници е ограничен.

Сите учесници што успешно ќе ја комплетираат обуката ќе добијат сертификат за учество од Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Школата за новинарство од Лил (ESJ Lille) и продукциската куќа „Premières Lignes“.