Времетраење: 2018 – 2019
Донатор: Европска Унија
Проектот го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со поддршка од Европската Унија, повторно преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР)
Главна цел на проектот е да се зголеми видливоста преку медиумите и да се подобри јавната перцепција на лицата со попреченост, како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и за еднаков третман при практикување на правата и слободите. Специфични цели на проектот:
(1) Да се зголеми ефективноста на граѓанските организации на лицата со попреченост преку преземање ангажиран пристап во комуникацијата со медиумите;
(2) Да се подобри разбирањето и инклузивните новинарски вештини на претставниците на медиумите;
(3) Да се воспостават одржливи механизми за соработка на ГО и медиумите за поддршка на учеството и вклучувањето на лицата со попреченост;
(4) Да се покрене прашањето за медиумската видливост на лицата со попреченост повисоко на агендите на креаторите на политики;