Времетраење: 2020 – 2021
Донатор: Цивика Мобилитас
Партнер: Национален совет на инвалидски организации на Македонија
Општа цел: Ефикасно застапување на правата на лицата со попреченост во јавната сфера.
Специфична цел: Воспоставување суштинска соработка помеѓу ГО што ги застапуваат лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции преку вмрежување, заедничка координација и практикување новинарство засновано на човековите права.
Активности: обука за зајакнување на механизмите за соработка меѓу ГО што ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции; обука за инклузивно новинарство, за новинари и претставници на ГО кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост; продукција на видео-стории на теми поврзани со социјалната инклузија на лицата со попреченост; продукција на видео-кампања за застапување на правата на лицата со попреченост; и подготовка на комуникациска стратегија и воспоставување ефикасни канали на дигитална комуникација за потребите на НСИОМ.