Времетраење: 2020 – 2023
Донатор: Европска Унија
Имплементатор: Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ)
Партнери: Македонски институт за медиуми, Албански медиумски институт (Тирана), Фондација „Медиацентар“ (Сараево), Косово 2.0 (Приштина), Црногорски медиумски институт (Подгорица), Новосадска школа за новинарство (Нови Сад), Мировен институт (Љубљана) и Бианет (Истанбул).
Проектот (2020 – 2023) се фокусира на:
- Зајакнување на капацитетите на медиумските организации преку вмрежување и регионална соработка, со цел да се унапреди разбирањето на моделите на дезинформации и пропаганда на омраза во медиумите и јавната комуникација во Западен Балкан и Турција;
- Способноста на медиумите и граѓанското општество да ги разоткријат и да одговорат на лажните информации, особено на Интернет;
- Развивање отпорност на граѓаните кон дезинформациите преку промовирање на заедничко решение кое ги вклучува медиумските професионалци и другите засегнати страни.
Активности:
- Истражувања и извештаи
- Анализи на омраза на политичко-економска основа, модели на дезинформации и пропаганда во медиумите и јавните комуникации;
- Анализи на наративите на омраза и дезинформации;
- Истражување (базирано на испитување на јавното мислење) за довербата во медиумите и родовите прашања во медиумите.
- Спротивставување на омразата, дезинформациите и пропагандата
- Продукција на 6 ТВ-емисии инспирирани од наодите од истражувањата со цел да се подигне свеста на публиката за медиумските слободи и проблемите со слободата на изразување;
- Работилница за креативните тимови од регионот кои ќе учат од експерти и колеги од ЕУ како да применат нови креативни решенија за наративите кои ќе се користат во националните кампањи;
- Кампањи за спротивставување на дезинформациите преку социјалните мрежи во седумте земји;
- Форум на уредници (насловен како „Уредници од доверба“) посветен на афирмирање на моќта на уредниците за враќање на довербата во медиумите и размена на искуства за развивање одржливи бизнис модели кои промовираат квалитетно и доверливо новинарство како начин за справување со дезинформациите;
- Студиски посети во ЕУ земји за уредници од регионот;
- Продукција на прекугранични стории преку користење конструктивен новинарски пристап.
- Промовирање на медиумска и информациска писменост (МИП) во помали градови и рурални средини
- Шема за доделување грантови за унапредување на капацитетите на граѓанските организации за вклучување во активности за промовирање на МИП во помали градови и рурални средини, кои можат да бидат особено ранливи на дезинформации и пропаганда.
- Застапување
- Подготовка на преглед на регулаторните и саморегуолаторните модели во земјите од регионот, како и избрани земји од ЕУ кои ќе служат како основа за активностите за застапување;
- Национални активности за застапување и презентирање на наодите и идентификуваните добри практики пред засегнатите страни. Организирање јавни дебати во секоја од земјите кои ќе бидат поддржани од гости говорници од регионот или од земјите членки на ЕУ;
- Заклучоците од јавните дебати и извештаите од анализите ќе бидат сумирани во специфични групи на препораки за секоја од земјите учеснички и ќе бидат дистрибуирани пошироко.