Времетреање: 2016-2018
Донатор: Европска Унија
Опис: Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанското општество во развојот и спроведувањето на медиумските реформи во земјата. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Европската Унија. Во активностите ќе бидат вклучени претставници на сите клучни актери во медиумската сфера, како новинари, уредници, сопственици на медиуми и други медиумски професионалци, Парламентот, Владата, регулаторните институции, саморегулаторните тела и претставници на граѓанското општество, кои заедно ќе работат на унапредување на јавните политики за подобрување на законската и институционална средина која ќе овозможи слободни и професионални медиуми. Во таа насока ќе бидат спроведени повеќе истражувања и ќе се организираат дебати на различни релевантни теми од медиумската сфера. Дополнително, ќе бидат обезбедени и мали грантови за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности за зајакнување на медиумскиот интегритет.