Времетраење: 2013-2017
Донатор: Европска комисија
Опис: МИМ е една од 8те партнерски организации кои се вклучени во проектот. Партнерството на Југоисточна Европа има цел да ја подобри способноста на медиумските организации во унапредувањето на работните услови и нивото на едукација на новинарите, преку проширување на нивните знаења и вештини, и подобрување на односот кон медиумската писменост и застапувањето. Исто така, проектот има цел да ги информира и да поттикнува јавни дебати за слободата на изразување, особено за слободата на медиумите, да се зајакне поддршката на граѓанските организации и на сите засегнатите страни во реформските процесите во медиумската сфера.