Времетраење: 2015-2018
Донатор: Европска Унија
Опис: Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство има цел да ги истакне и да ги промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција. Наградата е воспоставена од Европската комисија, поконкретно од Директоратот за проширување, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите, како и за одбележување на историскиот момент на пристапување кон ЕУ. Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство ќе се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и Турција, во период од три години: во 2015 (наградувајќи ги истражувачките стории и достигнувања, продуцирани во 2014), во 2016 (за достигнувања во 2015) и во 2017 (за достигнувања во 2016 година). Наградата ја администрира регионално партнерство на граѓански организации, координирани од Мировниот институт во Љубљана. МИМ е национален координатор за конкурсот во Македонија.