Времетраење: 2015
Донатор: Амбасада на САД
Опис: Главна цел на проектот е да го унапреди знаењето и свесноста кај медиумските продесионалци, институциите, НВО, младите и пошироката онлајн јавност во одност на нивните права и одговорности при комуникацијата на Интернет. Специфични цели: Да понуди релевантни и веродостојни информации и податоци за законодавство, праксата и проблемите поврзани со различни аспекти на комуникацијата преку Интернет; Да ја интензивира дебатата за различните правни аспекти на интернет комуникацијата помеѓу сите релевантни учесници, со цел не не само да се споделат знаења и искуства, туку и да се генерираат идеи, предлози и решенија за актуелните прашања поврзани со интернет комуникацијата.