Времетраење: 2011 – 2012
Донатор: Регионален проект на УНЕСКО „Мониторинг на медиумскиот развој“
Опис: МИМ го спроведе овој проект во соработка со Факултетот за политички науки од Загреб, и експерти од Србија. Анализата се фокусира на пет главни категории на медиумскиот развој како составен дел од секој медиумски систем, и тоа:
- Регулаторниот систем како предуслов за ефикасно остварување на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста на медиумите
- Плурализам и разновидност на медиумите, пазарот и економското опкружување и транспарентност на сопственоста
- Медиумите како платформа за демократска дебата
- Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста
- Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми
Анализата која е изработена од домашни автори, по опсег и по содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумскиот развој на земјата според меѓународни стандарди.
Целосната анализа е достапна на следниот линк.