Времетраење: 2011-2012
Донатор: Амбасада на Кралството Холандија во Македонија
Опис: Иницијативата за подобрување на состојбите во медиумската сфера на Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Здружението на новинари, резултираше со Акциски план за подобрување на состојбите во медиумската сфера. Овој документ ги адресира ги адресира најприоритетните проблеми во три клучни области – медиумската легислатива, јавен сервис, и професионални стандарди и квалитет на новинарството.
Акцискиот план е плод на заедничка работа на истакнати медиумски работници од земјава. Првичната верзија на планот се создаде за време и по работната средба во Маврово (27-29 октомври 2011), на која учествуваа четириесетина новинари и уредници, медиумски сопственици, медиумски научници и експерти, како и претставници на регулаторот и на медиумските граѓански организации.
Откако Акцискиот план помина низ процес на консултации и писмени забелешки од страна на учесниците, кон крајот на месец ноември 2011 беше организирана работна средба со учесниците на мавровската работилница за финализирање на првата верзија на Акцискиот план.
Финалниот документ беше претставен на конференцијата која ЗНМ и МИМ ја организираа на 14 декември 2011, а на која учествуваа 70тина сопственици, уредници, новинари, медиумски експерти, претставници на раководството на јавниот сервис, надлежните регулаторни тела и државните институции, и на медиумските граѓански организаци.