Времетраење: 2011 – 2013
Донатор: Европската унија преку ИПА 2009 – Инструмент за граѓанско општество – Регионални програми.
Опис: Проектот што го спроведува Транзишнс, Македонскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Ромскиот информативен центар „Кали Сара“ и Новосадската школа за новинарство, има цел да го унапреди присуството на ромските прашања во јавната во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Активностите кои досега беа спроведени во рамките на овој проект вклучуваат:
- обука на 18 новинари од ромска и не-ромски националност од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, за известување за прашања кои се однесуваат на ромската заедница. Обуката ја спроведоа истакнати меѓународни и регионални тренери;
- работилница за продукција на мултимедијални приказни, наменета за новинари од трите земји;
- продукција на мултимедијални приказни кои се објавуваат на регионалниот веб-порталот tocak.org;
- креирање на листа/мрежа на активни ромски невладини организации од овие три земји, која е достапна веб порталот;
- Регионална конференција “Роми во јавноста“ во Нови Сад;
студиски посети на новинари од една во друга земја и продукција на стории за животот на ромската заедница на Балканот.