Времетраење: 2010 – 2011
Донатор: Фондација „Фридрих Еберт
Опис: МИМ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста изработија 3 стручни анализи за специфични проблеми кои се значајни за медиумската сфера во Македонија:
- „Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во РМ“ – фокусирана на состојбата со обезбедувањето на културен плурализам во медиумската сфера во Македонија, можностите за активен пристап до медиумските содржини за етничките заедници, како и проблемите со кои се соочуваат медиумите на етничките заедници;
- „Осврт на прашањето на саморегулација во медиумите во РМ“ – функциите и значењето на медиумската саморегулација; улогата на саморегулацијата како замена за судските постапки за објавени содржини во медиумите; разликата меѓу регулација и саморегулација на медиумите; форми на саморегулација во медиумите и начини на финансирање, како и искуства од практикување на саморегулација во медиумите во Македонија; Идентификување на позитивни практики на саморегулација и поттикнување на имплементација на различни форми на саморегулација; Препораки за понатамошни активности за зајакнување на принципот на саморегулација во медиумите во Македонија.
„Јавната радиодифузија во РМ во контекст на европската медиумска политика“ – Дали МРТ ја исполнува својата мисија и програмска функција како јавен радиодифузен сервис? Дали начинот на финансирање значи независно и успешно функционирање на МРТ како јавен радиодифузен сервис? Дали моделот на управување и надзор на МРТ, кој е утврдени со закон, одговара на европските стандарди и дали тоа обезбедува нејзино ефикасно и независно функционирање? Кои се перспективите на МРТ во рамките на тековниот процесот на дигитализација на терестријалните телевизии?