Вренетраење: 2009- 2011

Донатор: Проектот е финансиски поддржан од програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи

Опис: Тригодишниот проект за унапредување на медиумската писменост го спроведоа МИМ, Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје и Европскиот центар за новинарство од Мастрихт, Холандија, во соработка со Бирото за развој на образованието. Во рамки на проектот беа реализирани 56 обуки, а околу 1.100 наставници од основни и средни училишта беа обучени како да ја воведат медиумската писменост во наставата. Исто така беше дизајниран прирачник за медиумска писменост, веб страница посветена на медиумска писменост, а се организираше и работилница, на која домашни и странски експерти споделија искуства за медиумската писменост.

Напишете коментар