Времетраење: 2005-2006 2006-2007 2007-2008 2008-2009 2009-2010
Донатор: УСАИД, Институт за трајни заедници
Опис: Мисијата на Проектот е да се зголеми учеството на граѓаните во политичкото и во општественото одлучување преку проширување и продлабочување на влијанието на граѓанското општество. Во рамките на овој проект МИМ работеше на зголемување на капацитетите и вештините за комуникација, како и на видливоста на повеќе од 130 невладини организации кои се вклучени во разни активности на Проектот, вклучувајќи и производство на медиумските стратегии, консултантски услуги и обука за различни аспекти на односите со јавноста, подобрување на внатрешната комуникација во рамките на организациите итн. Како дел од овој проект, МИМ три години по ред ја организира годишната награда “Медиумска награда на граѓанското општество” која им се доделува на медиумите кои дале најголем придонес за промовирање и развој на граѓанскиот сектор.