Времетраење: 2002
Донатор: Амбасада на Велика Британија во Македонија, Центарот за мир и нови медиумите од Њујорк, Меѓународната организација за миграции
Опис: Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Британската амбасада во Скопје, Центарот за војна, мир и нови медиуми од Њујорк и Меѓународната организација за миграции, го спроведе проектот “ТВ Магазин Контрафор“. Во овој проект учествуваа седум телевизии од регионите погодени од конфликтот во 2001 година во Република Македонија.
Во рамките на проектот беа организирани работилници за новинарите и снимателите кои учествуваа во продукцијата на магазинот “Контрафор”.
ТВ Магазинот опфати 12 епизоди, секоја во времетраење од 30 минути, кои беа фокусирани на локални теми интересни за локалното население без разлика на етничката припадност. Новинарите работеа во парови, еден новинар Албанец и еден Македонски во рамки на секоја епизода.