Сакаш да ги усовршиш своите вештини за мултимедијално новинарство и да научиш како конструктивното новинарство и етичките стандарди се применуваат во време на вештачка интелигенција?

🎥 Биди дел од работилницата за мултимедија, конструктивно новинарство и етика во ера на вештачка интелигенција.

 👥 За кого: Новинари со почетно или средно работно искуство и студенти по новинарство и комуникации  од целата држава.

👉 Што ќе добиете:

  • Практична работа со мобилни уреди: снимање и монтажа на куси видео содржини 📱
  • Запознавање со глобалните трендови во конструктивното новинарство 🌍
  • Анализа на етички дилеми и предизвици во време на вештачка интелигенција 🤖
  • Насоки за професионално и етичко известување за време на изборни процеси 🗳️

📌 Обуката е интерактивна, со практични вежби и дискусии, насочена кон создавање нови идеи и решенија за современо новинарство.

📆Кога: на 05 декември 2025 (петок) од 10.00 до 15.00 часот во просториите на МИМ, Скопје

👩‍🏫 Работилницата ќе ја водат: Тоше Огњанов • Маја Блажевска Евросимоска • Соња Петрушевска Поповска, долгогодишни новинари и уредници.

Работен јазик: македонски 

✅ Пријави се на линкот најдоцна до 30 ноември 2025 и стани дел од новата генерација новинари што креираат етички и конструктивни медиумски содржини 👉Формулар за пријавување – Fill out form

Работилницата ја организира Македонскиот институт за медиуми во соработка со Медијацентар Сараево, а со поддршка од Google News Initiatives.