Во дигиталната ера, лицата од третата доба се сè повеќе активни на социјалните мрежи, но често изложени на ризик од лажни вести, измами и манипулации. Овој практичен прирачник, изработен во рамки на проектот „Нашите медиуми“, е напишан од Бојан Лазаревски – учесник на Регионалната академија за идни лидери на промени во областа на медиумската писменост и медиумскиот активизам. Тој нуди едноставни совети и примери за тоа како да се препознаат најчестите измами и како да се заштитиме.