Берта Стојковска, учесничка на Регионалната академија за идни лидери на промени во областа на медиумската писменост и медиумскиот активизам, ја изработи студијата „Unequal Shields: How Income, Education, and Age Influence Misinformation Vulnerability in North Macedonia“. Истражувањето покажува дека и покрај високата дигитална поврзаност, граѓаните на Северна Македонија остануваат меѓу најранливите на дезинформации во Европа. Стојковска анализира три клучни фактори – приходите, образованието и возраста – кои заедно ја обликуваат ранливоста на граѓаните кон манипулации и лажни вести. Оваа публикација нуди препораки за структурни интервенции во образованието, институциите и медиумските политики, со цел да се зајакне отпорноста на општеството кон дезинформации.