Учениците од СОУ „Гостивар“ од Гостивар активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини.

Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти посветени на теми што се особено актуелни и значајни за младите. Со поддршка од ментори, тие создадоа две видеа и еден постер преку кои обработуваат прашања поврзани со човековите права, вештачката интелигенција и екологијата. Преку овие продукти, учениците ги истражуваат предизвиците и можностите што ги носат современите општествени и технолошки промени, истовремено поттикнувајќи поголема свесност, одговорност и активно учество во заедницата.

Активностите беа реализирани во рамки на проектот „Media Education for Youth Advocacy / Медиумска едукација за младинско застапување“, спроведуван од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Австралиската амбасада.

Во продолжение ги објавуваме медиумските продукти на учениците од СОУ „Гостивар“ од Гостивар, кои се резултат на нивната креативност, ангажираност и подготвеност преку медиумите да поттикнат размислување и дијалог за човековите права и нивното значење во секојдневниот живот.

chovekovi prava poster


Овие медиумски продукти се подготвени од ученици од СОУ „Гостивар“ од Гостивар, со поддршка од Австралиската амбасада во Србија, С.Македонија и Црна Гора. Содржината на медиумските продукти е единствена одговорност на авторите и не ги изразуваат ставовите на Австралиската амбасада.

logoa