Македонскиот институт за медиуми објавува повик за новинари за учество во 90 минутна онлајн-сесија посветена на справување со дезинформациите во време на пандемијата со „КОВИД-19“, која ќе се одржи на 7 мај (четврток) 2020 година, од 15:00 до 16:30 часот, преку онлајн-сервисот „Jitsi“.
Сесијата е одложена за 12 мај (вторник) 2020 година, од 15:00 до 16:30 часот.
Сесијата ќе ја води Јарослав Валух од организацијата „Transition Online“ од Прага, кој има долгогодишно искуство во областа на медиумската писменост, активизмот на социјалните медиуми, справувањето со дезинформации и говорот на омраза.
За време на сесијата ќе бидат опфатени следните теми:
- како да се следат, анализираат и разобличуваат дезинформациите поврзани со коронавирусот;
- алатки и постапки за верификација на информациите;
- како новинарите може да соработуваат со другите актери – волонтери, студенти и ИТ-заедницата; и
- како да им се помогне на граѓаните да се снајдат во хаосот од информации во време на криза и која е улогата на медиумската писменост.
Последните 20-тина минути од сесијата ќе бидат посветени на прашања и дискусија со учесниците. Сесијата ќе се реализира на англиски јазик со учество на новинари и претставници на медиумски организации од БиХ, Албанија, Србија, Црна Гора и С. Македонија.
Сите заинтересирани активни новинари од земјава може да се пријават за учество најдоцна до вторник, 5 мај 2020, преку е-пошта на: slavco@mim.org.mk
Учесниците кои ќе се пријават во предвидениот рок ќе добијат пристап за следење на сесијата преку онлајн-сервисот „Jitsi“.
Повеќе информации за предавачот Јарослав Валух може да прочитате тука.