Активисти од десеттина граѓански организации во текот на октомври 2014, како дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, беа обучени за застапување и комуникациски вештини.
Обуките ги спроведоа предавачи од Македонскиот институт за медиуми, кој заедно со Институт за демократија и Институтот Охрид се партнери во проектот. Предавањата се однесуваа на планирање на комуникациите, креирање на рамка на стратешко комуницирање, испраќање пораки до целни групи, структурирање и организација на јавни презентации.
Граѓанските активисти исто така ги проследија предавањата за комуникација со медиумите, веб активизам и пишување за веб, а секоја тема беше обработена со практични вежби и дискусии.