• +389 2 30 90 144
  • mim@mim.org.mk
  • Јуриј Гагарин 17-1/1 1000 Скопје, Р. Македонија
MIM
  • MK
  • EN
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
Истражувања
15/09/20

Медиумски и комуникациски модели кои шират говор на омраза и дезинформации

cover re 1

Причините за создавањето и за ширењето на говорот на омраза, дезинформациите и пропагандата преку медиумите во Македонија најчесто лежат во поврзаноста на медиумите со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Темите што ги „хранат“ овие феномени се генерираат од долгата историја на политичка и на етничка поделеност на општеството и вообичаено се засилуваат во кризни или во предизборни периоди. Говорот на омраза на политичка и на етничка, како и на сексуална и на родова основа е во пораст на социјалните мрежи.

Ова се некои од заклучоците во истражувањето „Политичка и економска основа на медиумските и на комуникациските модели што шират дезинформации и говор на омраза“, кое што го спроведе МИМ во рамки на проектот „ОТПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ што е поддржан од Европската Унија.

Во заклучоците се наведува дека двете теми - глобалната криза предизвикана од коронавирусот во почетокот на 2020 година, која се поклопи со периодот пред одржување на парламентарните избори, создадоа „набој“ за ескалација на дезинформациите и говорот на омраза на политичка и на етничка основа, но и врз основа на здравствена состојба. Дел од препораките кои се однесуваат на медиумската заедница и на граѓанскиот сектор се во насока на поддршка на саморегулаторните механизми во медиумската сфера за да се спречи непрофесионалното и неетичко работење и да се заштити публиката од погрешно и од непрофесионално информирање од одредени медиуми. Кога станува збор за говорот на омраза, надлежните институциите треба да покажат проактивност и ангажираност при негово гонење и процесирање, вклучително и во интернет-просторот, со оглед на податокот дека бројот на пријавени случаи е во пораст. Бизнис-заедницата и огласувачката индустрија треба да дискутираат за општествената одговорност на големите компании, кои при носењето одлуки каде да се рекламираат, треба да ја земат предвид професионалноста на медиумите и да ја поддржат работата, пред сѐ, на квалитетните медиуми. Граѓаните, пак, треба да стекнуваат вештини за критичко размислување за да можат да ги разликуваат вистината и фактите од дезинформациите, манипулациите и пропагандата преку медиумите, се вели во препораките од истражувањето.

 

Целосниот текст од истражувањето е прикачен во прилог.

 

eu flag webПроектот „ОTПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ го спроведуваат девет медиумските организации  од регионот: СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт и Бианет.

 

 

  • facebook
  • twitter
  • linkedin
  • pinterest
Download this file (Mediumski i komunikaciski modeli koi shirat dezinformacii i govor na omraza.pdf)Медиумски и комуникациски модели кои шират дезинформации и говор на омраза517 kB

Актуелно

Јавните кампањи во медиумите треба да се бесплатни

Креирана апликација за идентификување дезинформации

Во новинарската секција во Дебрца основците го учат новинарскиот занает

Последиците на ковид-19 врз поединецот и врз општеството

  • За нас
  • Цели и активности
  • Тековни проекти
  • Завршени проекти
  • Управен одбор
  • МИМ тим
  • Извештаи
  • Партнери
  • Архива
Aktiv.mk
  • Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции

    Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции

  • Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено

    Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено

  • Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор

    Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор

  • Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата

    Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата

  • Во најакустично училиште во Југоисточна Европа учењето е како песна

    Во најакустично училиште во Југоисточна Европа учењето е како песна

Bezomrazno.mk
  • Говорот на омраза да се потисне со повеќе говор дека е неприфатлив

    Говорот на омраза да се потисне со повеќе говор дека е неприфатлив

  • „Само прашај“: Одгласот на онлајн говорот на омраза

    „Само прашај“: Одгласот на онлајн говорот на омраза

  • Говорот на омраза раѓа насилство

    Говорот на омраза раѓа насилство

  • Говор на омраза во основното училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола

    Говор на омраза во основното училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола

  • Повик за учесници – 5-тa Школа Против говор на омраза

    Повик за учесници – 5-тa Школа Против говор на омраза

  • За MИМ
  • Новости
  • Истражувања
  • Едукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
© 2021 Македонски институт за медиуми.
  • Дома
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт