Македонскиот институт за медиуми(МИМ) има потреба да ангажира продукциска куќа којашто ќе произведе видео и аудио записи/спотови на теми поврзани со медиумската писменост.
Продуцираниот материјал ќе се користи во рамки на медиумска кампања за унапредување и подобро разбирање на концептот на медиумската писменост во Р.Македонија.
Целта на кампањата е граѓаните да научат како критички да ги гледаат, анализираат и проценуваат пораките коишто доаѓаат од различни медиуми, со цел подобро да се информираат и поангажирано да учествуваат во општествените процеси.
Продукциските куќи коишто ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги:
- Да произведат вкупно 10 видео и аудио записи/спотови на теми поврзани со медиумската писменост, од кои 7 видеа (во поединечна должина до 2 минути) и 3 аудио записи (во поединечна должина до 1 минута);
- Форматот на продукцијата да биде соодветен за емитување на ТВ, на радио и на социјалните мрежи;
- Да понудат креативна и оригинална изведба на идејата, што може да вклучува различни жанрови и технички стилови (како на пример анимирано видео, скеч, видео наратив итн.);
- Да бидат подготвени да соработуваат со тимот на МИМ околу прецизирање на темите и подготовка на сценаријата.
ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда, во која се презентирани информации за досегашната работа и капацитетот на компанијата, опис на идејата и финансиска понуда.
Понудите да се достават на следниот е-маил: ivonae@mim.org.mk;
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Повикот е отворен до 16 октомври, 2017 година (до 15 часот).