Организациите членки на СЕЕНПМ здружени во регионалниот проект „Нашите медиуми“ ги избраа најдобрите локални иницијативи во рамки на јавниот повик наменет за граѓански организации кои работат во областа на медиумите, слободата на изразување, дигиталните технологии, образованието, човековите права и родовата еднаквост. Избрани се вкупно 20 проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија, со вкупен фонд од 255.000 евра.
Избраните организации веќе почнаа да работат на своите активности низ регионот, фокусирајќи се на борбата против дезинформациите и зајакнувањето на граѓанскиот активизам поврзан со медиумите. Во прилог е конечната листа на под-грантови со кратки информации за одобрените проекти:
Здружението на новинари на Косово и Ромите во акција
Проект: „MediaMinds: Зајакнување на информативниот интегритет кај повозрасните“
Проектот е инициран од Здружението на новинари на Косово и Роми во акција за справување со предизвикот на дезинформации и погрешни информации и недостаток на медиумска писменост кај повозрасното население во Исток, Ѓаковица, Приштина, Митровица и Сува Река. Преку приспособени едукативни работилници, комуникациски кампањи и застапување, проектот има за цел повозрасните лица се стекнат со вештини за критичко оценување на вести и извори на информации, борба против дезинформациите и активно вклучување во промовирањето на медиумската писменост во своите заедници. Со поттикнување на партнерства со домови за нега на стари лица и искористување на иновативни пристапи кон медиумскиот активизам, „MediaMinds“ се обидува да создаде одржлив резултат, охрабрувајќи го повозрасното население самоуверено да се движи низ пејзажот на дигиталните медиуми и да придонесе за поинформирано и поотпорно општество.
Центар за афирмативни социјални активности-CASA и КИМ Медиа Груп
Проект: поткаст „Aequitas“
Поткастот „Aequitas“ ја продолжува својата мисија насочена кон решавање на недостатокот на отворени и разновидни можности за јавен дијалог за прашањата што ги засегаат етничките односи во Косово. Веќе воспоставена како платформа која обезбедува длабоки увиди и анализи, поткастот „Aequitas“ ќе ја продолжи својата работа со создавање и промовирање медиумски производ под истото име. Поткастот е видео емисија со повеќе дискусии за низа современи прашања во Косово. Повеќеслојната дискусија ќе биде овозможена со иновативна стратегија во која ќе бидат вклучени двајца домаќини, новинари од заедниците на Албанците и Србите во Косово. Нивната цел ќе биде да се вклучат во разговори со релевантни гости за да ги претстават широко распространетите ставови и интереси во нивните заедници. На овој начин, публиката ќе има можност да разбере и потврди низа мислења и интереси за теми кои ги засегаат етничките односи во Косово, како што се прашањата за исчезнати лица, нормализација на односите меѓу Србија и Косово, интеграцијата во ЕУ, културното наследство и многу други. Проектот ќе се спроведува во партнерство помеѓу невладината организација CASA од Северна Митровица и невладината КИМ Медиа Груп од Чаглавица, истакнати актери на општествената и медиумска сцена во Косово.
Организација за демократија, антикорупција и достоинство – Коху
Проект: Правично, етичко и непристрасно информирање
Преку овој проект, Коху има за цел да ја прошири агендата за професионално медиумско известување, таргетирајќи ги младите генерации во 14 општини низ Косово и да им понуди сеопфатно разбирање за медиумската етика, слободата на медиумите, процесот на информирање и насоки за да се избегнат дезинформации и лажни вести. Преку проектот ќе се спроведе поширока кампања за подигање на јавната свест преку социјалните мрежи, преку објавување инфографици кои ќе послужат како „алатка“ за брза сеопфатна процедура која овозможува избегнување на лажни вести и учење на новинарската етика, како и инструменти и алатки за да го пријават пишувањето на медиумите кое не е усогласено со сегашниот Етички кодекс за печатените медиуми.
Мрежа за отворен дијалог и Институт за општествено-политички истражувања – Аналитико
Проект: Зајакнување на капацитетите на актерите од граѓанските организации во областа на медиумската и информациската писменост
Овој проект директно го поддржува зајакнувањето на капацитетите на невладините организации и медиумските професионалци во областа на медиумскиот активизам, особено во борбата против дезинформациите, манипулациите со информации и поларизацијата. Целите на проектот се да се подобри нивото на медиумска писменост во црногорското општество и да се зајакнат капацитетите на актерите од граѓанските организации во идентификувањето и борбата против дезинформациите. Клучните проектни активности вклучуваат програма за градење капацитети, кампања на социјалните медиуми, информативни брифинзи и панел дискусија.
УЛ Инфо и институт Пунта
Проект: Да читаме правилно!
Целта на проектот е да се подобри нивото на разбирање и унапредување на медиумската писменост кај националните малцински заедници. Целните групи на проектот се жени од јавниот и општествениот сектор активни на локално ниво, женски и младински форуми на политички партии, млади од албанската национална заедница, ученици од основните и средните училишта кои следат настава на албански јазик, како и НВО кои работат во малцинските заедници. Резултатите од проектот вклучуваат подобрено знаење и разбирање за медиумската писменост кај жените и младите од албанската национална заедница и зголемена свест за медиумската писменост во локалните малцински заедници преку предавања, сесии за обука, семинари, кампањи, поткаст и истражувања.
НВО „Икре“ и НВО „Мрав“
Проект: Подобрување на медиумската писменост и медиумско известување за родовата еднаквост
Проектот се фокусира на подобрување на квалитетот на медиумските содржини и подигање на свеста за медиумската писменост во руралните заедници во Рожае. Преку различни обуки, новинари, претставници на локални невладини организации, едукатори и жени од руралните средини ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за квалитетно новинарство и ефективно користење на онлајн платформите. Посебен акцент е ставен на вклучувањето на жените од руралните области, давајќи им можност да се зајакнат преку медиумска писменост, да ги промовираат своите производи на онлајн платформите и да придонесат за нивната економска независност и подигање на свеста за родовата еднаквост.
Здружението за медиуми на Југоисточна Европа и Инфо центар Пљевља
Проект: Информирање на младите во северна Црна Гора
Проектот има за цел да ја подобри сајбер и информациската писменост кај младите во северна Црна Гора како дел од борбата против дезинформациите. Проектот ќе анализира како младите ги примаат информациите, ќе предлага конкретни решенија за медиумите и невладините организации за подобрување на ширењето на податоците и ќе ги едуцира младите да се заштитат од дезинформации. Во соработка со PV порталот ќе се продуцираат приказни и ќе се спроведе јавна кампања насочена кон младите од северниот регион. Проектот, исто така, вклучува обуки за локални медиуми и невладини организации, како и ангажирање на носители на одлуки на сите нивоа да се залагаат за подобрени политики, законодавство и процедури.
Младинска медиумска асоцијација (ONAuBiH)
Проект: (Не)Видлива младина
Проектот има за цел да се бори против маргинализацијата на младите гласови во медиумскиот пејзаж на БиХ преку справување со сензационализмот и обезбедување специјализирана содржина за младите. Преку активности како што се специјализирани медиумски кампањи, прирачник за ефективна комуникација со популацијата од Gen Z и младински летен камп во Јајце, проектот е насочен кон заедниците вклучувајќи ги Завидовиќи, Коњиќ, Добој Исток и регионот на Босански Петровац и Мостар. Проектот има за цел да го поттикне критичкото размислување на младите и вклученоста во политиката. Преку поттикнување на младите да создаваат содржини погодни за младите и да се вклучат во демократски процеси, проектот има за цел да ги промовира демократските вредности, да ја подигне свеста за медиумските слободи и да го поттикне активното граѓанство, на крајот придонесувајќи за поинформирано и поангажирано општество во БиХ. Содржината ќе се произведува и дистрибуира преку медиумските платформи на ONAuBiH, со фокус на младинското списание „Карике“ и партнерските мрежи, со цел да допре до 200.000 корисници преку вклучување на околу 200 млади луѓе во проектни активности.
Здружение на граѓани еТрафика
Проект: Може и поинаку!
Преку обука за новинарство, проследена со неколкумесечна работа под менторство, еТрафика ќе обучи 10 млади луѓе од руралните средини да пишуваат и фотографираат за онлајн медиуми. Проектот всушност делува на две страни – создава нова генерација на општествено одговорни новинари и ја зајакнува медиумската писменост и промовира позитивни примери на дејствување со цел да им понуди на читателите алтернатива на сите лоши вести, со надеж дека и тие ќе бидат мотивирани да учествуваат поактивно во нивната заедница. Станува збор за проект кој еТрафика го спроведува веќе 12 години, во урбани и рурални средини. Оваа обука досега ја поминаа повеќе од 300 млади луѓе, а дел од нив останаа да работат во медиумите иако немаа никаков контакт со нив пред проектот.
Здружение за унапредување и подобрување на квалитетот на образованието „Школегиум“
Проект: Подобрување на медиумската писменост во локалните заедници во БиХ (Квиз на знаење)
Целта на проектот е да се промовира работата на новинарите, да се започне дијалог за неа и да се подучат луѓето повеќе за медиумите воопшто. „Школегиум“ ќе организира осум паб-квизови во осум градови во Босна и Херцеговина, кои ќе допрат до различни локални заедници. Секој квиз ќе има четири тима, по пет натпреварувачи, кои ќе учествуваат во играњето SKOKEJ, едноставна, но корисна апликација. Прашањата во квизот се поврзани со медиумите и медиумската писменост, а преку нивно одговарање натпреварувачите можат да дознаат повеќе за медиумите. Секое прашање има кратко објаснување кое содржи важни и интересни факти. Сите учесници, како и другите припадници на локалната заедница, ќе ги прошират своите знаења за медиумската писменост додека се забавуваат. Натпреварувачите ќе освојат мали награди и ќе добијат специјално дизајнирана тетратка.
Албански центар за квалитетно новинарство и граѓанска отпорност
Проект: ФАКТИ – Поттикнување на свеста, критичко размислување и вештини за медиумска писменост
Целната интервенција се фокусира на подобрување на критичкото размислување, свеста и вештините кај студентите по новинарство, членовите на граѓанското општество и пошироката јавност. Главните цели вклучуваат едукација на студентите по новинарство преку дводневна работилница и подигање на свеста на јавноста и граѓанското општество преку информативни видеа, информативни листови, аналитички написи, поткаст и јавни дебати. Проектот ќе ги поттикне студентите да ги идентификуваат и да се борат против дезинформациите, додека претставниците на граѓанското општество и пошироката јавност ќе стекнат подлабоко разбирање и критичка перспектива за прашањата за дезинформации. Планираните активности вклучуваат формирање работна група, креирање работилници, производство и објавување на мултимедијални содржини и организирање јавни дебати. Проектот има за цел директно да ги вклучи студентите, граѓаните и граѓанското општество, зголемувајќи ги нивните знаења и вештини во медиумското образование, со сеопфатен пристап кој поттикнува поетичка и професионална медиумска средина.
Центарот „Рес Публика“ и Албанскиот совет за медиуми
Проект: Промовирање на етиката и саморегулацијата во локалните медиуми – Разобличување на дезинформациите
Проектот има за цел да го поттикне медиумското образование и активизам за да се спротивстави на дезинформациите и да поттикне дијалог кај граѓанското општество и новинарите. Тој се фокусира на промовирање на етиката и саморегулацијата во локалните медиуми за да ги оспори дезинформациите. Имајќи ги за цел Скадар и Валона, како пилот области, проектот ја третира потребата за здрава, независна медиумска средина преку зајакнување на свеста и способностите на локалните новинари, медиумските менаџери и граѓанското општество. Со нудење на насоки за најдобрите практики за саморегулација, проектот има намера да изгради култура на доверба и интегритет во медиумите, од суштинско значење за борба против ширењето лажни информации и поттикнување на поинформирано, ангажирано општество. Крајната цел е да се зајакне медиумската етика и саморегулација, придонесувајќи за отпорен граѓански медиумски пејзаж кој ги поддржува демократските вредности.
Институт за социјален договор
Проект: Побезбедно заедно
Оваа иницијатива има за цел да ја зголеми отпорноста на граѓаните во целните области, против лажни информации и говор на омраза. Преку овој проект ИСД има за цел да изгради одржлив капацитет на ниво на заедница во целните области за да обезбеди едукација за медиумска писменост на граѓаните; и да се подигне свеста и знаењето на граѓаните за да се разбере улогата на медиумите; да одржуваат критички став кон информациите што ги добиваат; да користат сигурни извори на информации и да се придонесе за искоренување на говорот на омраза. Преку обуки, производство и дистрибуција на инфографици и програми на локалните радија, ИСД ќе го зголеми капацитетот на жителите во три општини (Елбасан, Либраж и Поградец) да бараат и примаат информации од сигурни извори и да придонесат во борбата против дезинформации и говор на омраза, борејќи се против поттикнувањето верски радикализам и ескалацијата на недовербата кон секуларните вредности на албанското општество.
Албански институти за истражување и центар „Албански потрошувач“
Проект: ЈПП Скен
Во 2013 година, Албанија го донесе Законот бр. 125 „За концесии и јавно приватно партнерство“ со кој на Министерството за финансии му се доделуваат задачи за мониторинг. Последниот извештај на Министерството за финансии датира од 2021 година. Во 2022 година тоа објави дека не може да го спроведе овој процес, создавајќи значителен јаз во јавно достапните информации. Група новинари и студенти по новинарство ќе бидат избрани за клучна улога во следењето на договорите за концесија и јавно-приватните партнерства (ЈПП), идентификувањето на прекршувањата, корупцијата и злоупотребата на јавните финансии. Преку оваа работа тие ќе преминат од обични известувачи во граѓански чувари, активно бранејќи го јавниот интерес. Активното вклучување на локални и меѓународни експерти во обуката и градењето капацитети преку анализа на конкретни случаи ќе создаде и одржи професионално и храбро јадро на новинари и студенти. Оваа група ќе соработува со други интересни групи, поставувајќи ја основата за создавање на Опсерваторијата на јавните договори, инспирирана од најдобрите меѓународни практики.
Граѓански патеки – Битола
Проект: Младинска медиумска лабораторија
Проектот има за цел да ги поттикне младите да преземат активна улога во борбата против лажните вести и дезинформациите, да ги зајакнат нивните капацитети за критичко разбирање на медиумите, да се спротивстават на поларизацијата и да промовираат дијалог и одржливи практики на медиумски активизам. Целна група се младите од младинските организации од Битола, Новаци, Могила, Крушево и Ресен, како и ученици од основните и средните училишта во урбаните и руралните средини. Проектот опфаќа три обуки за градење капацитети и тримесечна програма за менторство за десет млади луѓе, како и формирање на Младинска медиумска лабораторија. Ќе бидат организирани 12 работилници за медиумска писменост со едукативни квизови за 240 млади луѓе во урбаните и руралните средини на вклучените општини, како и кампања за подигање на свеста за медиумската писменост, вклучително и промоција на видео курсот. Завршен настан на проектот е „Младински медиумски разговор“ – форум за медиумска писменост на млади луѓе и професионални новинари, отворен за сите заинтересирани граѓани.
Од станица до граница
Проект: Мојата приказна – моите медиуми
Проектот се фокусира на работилници водени од новинари, создадени за студентите од руралните средини да ги совладаат основите на новинарството и медиумската писменост. Учесниците ќе имаат можност да научат како се создаваат медиумски содржини, но и да креираат производи кои подоцна ќе бидат објавени на интернет страница. Здружението ќе креира посебна категорија на интернет страницата за содржините што ги произведуваат ученици од Нов Дојран, Стојаково, Негорци и Миравци.
Паблик Скопје
Проект: Двоглед лице в лице – Медиумски активизам преку создавање приказни кои поттикнуваат промени
Проектот се фокусира на промовирање на медиумската писменост и активизам со цел спротивставување на поларизацијата и да се поттикне дијалог во граѓанското општество во Пробиштип, Злетово и Кратово, вклучително и нивните рурални области. Специфичните цели вклучуваат ангажирање на младите, претставници на граѓанските организации и иницијативи во практиките за медиумска и информациска писменост и поддршка на организациите во промовирањето на родовата застапеност и недоволно застапените групи во медиумското известување. Очекуваните резултати вклучуваат подобрено знаење кај 100.000 граѓани на Северна Македонија за медиумските улоги и етичко известување, зајакнати капацитети на најмалку три помали организации и зајакнување на компетенциите на 20 млади поединци, вклучувајќи локални новинари, претставници на граѓански организации и влијателни лица, овозможувајќи им да усвојуваат и применуваат добри новинарски практики во медиумскиот активизам.
Центар за истражувачко новинарство Крушевац
Проект: Подобра медиумска писменост кај младите од руралните области и членовите на ранливите групи
Преку имплементација на низа активности (истражување од мал обем, работилници во шест училишта во руралните средини, организирање дебата, спроведување обука за млади, објавување и промовирање содржини во медиумите и на социјалните мрежи), проектот ќе придонесе за унапредување на медиумската писменост, како и признавање на професионално и одговорно новинарство кај младите од руралните и урбаните средини и членовите на ранливите групи од округот на Расина и Поморавље. Проектот ќе се реализира во десет рурални, две помали урбани средини (Ќиќевац, Варварин) и една поголема урбана област (Крушевац). Преку имплементација на проектните активности ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за подготвување, управување и промовирање на проекти за медиумски активизам и медиумска писменост. Ќе се промовираат и родовата еднаквост, родово сензитивен јазик и подобра видливост на членовите на ранливите групи.
Кластер на креативни индустрии на Војводина
Проект: Сториленс
Проектот има за цел да ги зајакне младите таленти и медиумски активисти од малцинските групи во руралните средини преку обезбедување на вештини и знаења за создавање документарна медиумска содржина која се однесува на социо-културните предизвици. Преку серија едукативни работилници, практични обуки и менторство, и јавни дебати, учесниците ќе ги стекнат потребните вештини за производство на висококвалитетни документарни филмови кои ќе ја подигнат свеста и ќе промовираат разбирање за овие прашања.
Асоцијација нова мрежа
Проект: Родова еднаквост и климатски промени
Проектот има за цел да одговори на предизвиците за родова еднаквост во контекст на климатските промени во Србија. Преку едукативни активности, насочен е кон 15-20 студенти, новинари и активисти, зголемувајќи ја нивната медиумска писменост и еколошка свест. Клучните партнери вклучуваат универзитети, медиумски организации и невладини организации. Иновативниот пристап вклучува интерактивни дигитални модули, искуства со виртуелна реалност и онлајн платформи за споделување знаење. Дополнително, работилниците во заедницата и соработките со локалните медиуми имаат за цел директно да ги ангажираат граѓаните. Проектот има за цел да ги поттикне учесниците ефективно да комуницираат информации за влијанието на климатските промени врз жените. Шест видео поткаст изданија и јавна дебата со релевантни засегнати страни дополнително ќе ја зајакнат свеста и дискусиите за интерсекцијата на родовата еднаквост и климатските прашања.
Академска инклузивна асоцијација
Проект: Подобрување на медиумското претставување на лицата со попреченост
Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на медиумските актери за усвојување општествено позитивен пристап кон лицата со попреченост. Преку различни едукативни и промотивни активности, локалните граѓански организации, медиумските професионалци и младите со попреченост ќе служат како лидери во промовирањето на позитивното прикажување на лицата со попреченост во медиумите. Проектот вклучува обуки за медиумски професионалци, граѓански организации и лица со попреченост за подобрување на медиумската писменост и развој на алатки за известување за лицата со попреченост. Исто така вклучува и создавање на насоки за афирмативно и инклузивно известување за лицата со попреченост во медиумите. Сите активности ќе бидат поддржани со кампања спроведена преку медиумски куќи, како и преку „офлајн“ и „онлајн“ канали за комуникација. Проектот предвидува проширување на Мрежата на новинари за инклузија и ќе ангажира и охрабри над 50 засегнати актери да промовираат инклузивно претставување на лицата со попреченост во медиумите и граѓанските организации.

Финансирано од Европската Унија
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.
Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на СЕЕНПМ и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.