Македонскиот институт за медиуми организира панел-дискусијата “Ефикасноста на законските и саморегулаторните механизми за справување со говорот на омраза и дезинформациите во Северна Македонија“ што ќе се одржи на 15 февруари (вторник) 2022 година од 11:00–13:00 часот, на онлајн платформата ЗУМ.

На настанот ќе биде претставенa анализата „Регулаторна и саморегулаторна рамка за справување со говорот на омраза и дезинформациите во РСМ“ подготвена од Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

На панел-дискусијата ќе говорат:

  • Емилија Петреска – Камењарова, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
  • Марина Тунева, Совет за етика во медиумите на Македонија
  • Весна Бендевска, Комисија за спречување и заштита од дискриминација
  • Драган Секуловски, Здружение на новинарите на Македонија

Агендата за настанот е прикачена во прилог.

За да учествувате на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYldemorT8uG9FHtQ65Q7PYcZLUy32BY_1v


анел-дискусијата се организира во рамки на регионалниот проект „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија од страна на партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт Љубљана и Бианет Турција.
pdfПанел-дискусија102.6 KB

Напишете коментар