Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е член на повеќе мрежи кои работат на јакнење на професионалните стандарди и етиката на новинарите во регионот и пошироко.
На оваа страница можете да прочитате нешто повеќе за нашите соработници, партнери и донатори.
________________________________________________________________________
ИНСТИТУТ ЗА ТРАЈНИ ЗАЕДНИЦИ (ИТЗ)
Институтот за трајни заедници (ИТЗ) е независна, непрофитна организација со седиште во Вермонт (САД), која им помага на заедниците во постоечки или новонастанати демократии да ги решаваат проблемите градејќи подобра иднина за себе и за светот. ИТЗ нуди обука, совети и грантови на заедниците – и на организациите кои ги поддржуваат – кои им се потребни да ги решат нивните проблеми и да ја дефинираат нивната иднина долго после завршувањето на соработката со ИТЗ. Организацијата се фокусира на животната средина, економски и социјални работи и на потребата да се работи на сите три полиња за да се успее. За да постигне успех во работењето, ИТЗ вклучува различни групи на луѓе од заедницата, од најмоќните до најмалку моќните, за да поттикне фер и трајни резултати.
________________________________________________________________________
МРЕЖА ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА НА МЕДИУМИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (SEENPM)
Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) е основана во 1999 од 17 медиумски центри и институти од Југоисточна Европа. Нејзините главни цели се: да работи на подобрување на професионалните стандарди во медиумите и луѓето што работат во медиумите, да ја поттикнува демократизацијата на медиумите, да ги поттикне контактите и размената на искуство, да ја стимулира соработката меѓу нејзините членови, да ја зголеми регионалната соработка и контактите меѓу професионалците од медиумите во регионот.
________________________________________________________________________
ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕДИУМИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (SEEMO)
Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа (SEEMO) е невладина и непрофитна мрежа на уредници, медиумски професионалци и новинари од сите печатени и електронски медиуми и новински агенции во Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Грција, Македонија, Молдавија и Романија. СЕЕМО мрежата е отворена за сите кои ги поддржуваат принципите на слобода на медиумите како и желбата за соработка во постигнување на целите на Организацијата.
________________________________________________________________________
МРЕЖА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ
Мрежата за известување за различностите (Reporting Diversity Network – RDN) е дел од Медиумскиот Институт за Известување за различностите (МДИ). Оваа мрежа постои од 1998 година, а во неа членуваат 21 медиуми и медиумски организации од Европа. Преку мрежата, Институтот за различности соработува со невладини организации и медиуми со слични насоки на делување, во регионите кадешто МДИ работи.
Во моментов во рамките на мрежата се спроведуваат проекти во Централна и Источна Европа каде медиумите сеуште имаат деструктивна улога во интензивирањето на етнички и религиозни конфликти и со тоа придонесуваат за нарушување на човековите и малцински права.
Донатори и партнери на МИМ
Данската школа за новинарство е најголемата и најстара институција која нуди новинарска едукација во Данска. Овој факултет е единствено место во Данска, каде на исто место и во тесна соработка се образуваат новинари за ТВ, радио, печат и мултимедија, како и фоторепортери. Оваа школа се наоѓа во Архус, вториот по големина град во Данска. Овој факултет има три меѓународни студиски програми: Едногодишна Европска програма, Едногодишни постдипломски студии и два пати годишно меѓународни едносеместрални програми како дел од својата програма.
Данскиот школа по новинарство иницираше новинарски тренинзи во голем број земји од светот. Негови партнери се медиумските институти од Монголија, Танзанија, Замбија, јужниот дел од Африка, Камбоџа, Русија, Балканските земји, Чешка и Македонија.
________________________________________________________________________
ИРЕКС/УСАИД
ИРЕКС е меѓународна непрофитна организација специјализирана во областа на образованието, независните медиуми, развојот на интернет технологијата како и граѓанските општествени програми во САД, Европа, Евроазија, Азија, Средниот Исток и Северна Африка.
Од своето основање во 1968 година, ИРЕКС ја има дадено својата поддршка на повеќе од 20 000 студенти, ученици, новинари, бизнис лидери и останати професионалци.
Денес ИРЕКС има свои канцеларии и претставници во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Косово, Србија и Црна Гора и Македонија. Канцеларијата во Македонија е отворена во 2000 година.
________________________________________________________________________
PRESS NOW
Press Now е холандска фондација која го промовира развојот на отворено и демократско општество преку поддршка на независните медиуми во земјите во транзиција. Press Now помага во зајакнувањето на разновидноста на медиумскиот пејзаж како еден од основните предуслови за развој на демокртаско граѓанско општество.
Во Македонија Press Now се фокусира на трансформацијата на МРТВ од државен во приватен радиодифузер, реформи на студиите по новинарство на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, а нуди и структурна поддршка на мултиетничките медиуми и медиумите на малцинствата.
________________________________________________________________________
УСАИД
УСАИДе независна американска владина организација која го поддржува долгорочниот и подеднаков економски развој.Освен на ова поле УСАИД работи развојот на земјоделството и трговијата, здравството, превенција на конфликти и хумнитарна помош.
Седиштето на УСАИД се наоѓа во Вашингтон, а регионални канцеларии има низ целиот свет. УСАИД соработува со приватни волонтерски организации, универитети, домашни и интернационални компании, влади на други земји и американски владини агенции.
УСАИД има своја канцеларија во Македонија од 1993 година. Оттогаш спроведени се повеќе од 30 проекти во областа на економијата, образованието, реформите во локалната власт, медиумите и сл.
________________________________________________________________________
НОРВЕШКА НАРОДНА ПОМОШ
Норвешка народна помош (NPA) е хуманитарна организација на норвешкиот синдикат, основана во 1939. НПА работи водејќи се од вредностите на националнаната и меѓународната солидарност, човековото достоинство, слободата и еднаквоста. Денес НПА е една од најголемите НВО во Норвешка.
Во рамките на НПА работи Локалната програма за поддршка на Медиумите (LMS) формирана во 1998 за да се зајакнат локалните медиуми во земјите од поранешна Југославија, т.е. Македонија, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. НПА ги поддржува независните медиуми кои не се поврзани со некоја политичка партија. Програмата за медиуми на НПА вклучува средни и долготрајни проекти, а во регионот досега се спороведени околу 40 проекти.
________________________________________________________________________
OБСЕ
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е најголемата регионална организација која вклучува 55 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка.Во рамките на мисијата на ОБСЕ во Македонија, работи и единицата за медиумски развој, која постои од 2002 како дел од Охридскиот рамковен договор, со кој ОБСЕ се повикува да им понуди помош на медиумите на етничките зедници во Македонија. Единицата за медиумски развој работи на поддршка на реформите во МРТВ, како и реформите во легислативата, организира новинарски обуки на повеќе јазици и проекти за зајанување на плурализмот, новинарските стандарди и мултиетничките медиуми.
________________________________________________________________________
ДФИД – БРИТАНСКА АМБАСАДА
Одделот за меѓународен развој (ДФИД) е дел од Британската влада кој работи на поддршка и помош за економски неразвиените земји и се бори против сиромаштијата во светот.
Во Македонија ДФИД работи од 1995 година, а од февруари 2001 технички ги поддржува реформите во јавната администрација преку повеќе различни активности.
Билатералната програма на ДФИД со Македонија завршува во декември 2005.
________________________________________________________________________
ЕВРОПСКА АГЕНЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Европската агенција за реконструкција е основана во февруари 2000, а своите активности ги спроведува во Србија и Црна Гора, Косово и Македонија. Седиштето на агенцијата е во Солун, Грција, а оперативни центри има и во Скопје, Приштина, Подгорица и Белград.ЕАР е присутна во Македонија од декември 2001 кога Советот на Европа одлучи да го прошири официјалниот мандат на Агенцијата во оваа земја. Три месеци подоцна, ЕАР го отвори оперативниот центар во Скопје.
________________________________________________________________________
МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА МИГРАЦИИ (ИОМ)
Меѓународната агенција за миграции (ИОМ) постои од 1951 год. кога била создадена како еден вид на решение за раселените лица, бегалците и емигрантите во Европа. Иако не е дел од Обединетите нации, оваа агенција е во блиска соработка со институциите на ОН, како и со многубројни меѓународни и невладини организации.
_______________________________________________________________________
УНЕСКО
УНЕСКОе организација која работи во рамките на Обединетите Нации и се фокусира на прашања од образованието, социјалните и природните науки, културата и комуникацијата. Од своето основање во 1945 год. УНЕСКО се залага за развој и ја промовира меѓународната соработка на вкупно 191 земја членка.
________________________________________________________________________
ИФА/ПАКТ ЗА СТАБИЛНОСТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА СПОНЗОРИРАН ОД ГЕРМАНИЈА
ИФА е агенција за надворешна соработка поддржана од германската агенција за надворешни работи, која работи на повеќе аспекти од процесот европска интеграција и трансформацијата во мултикултурно и мултиетничко општество. ИФА соработува со многу национални и меѓународни организации на разновидни проекти.
Во областа на медиумите ИФА го организира проектот за поддршка на независни и слободни медиуми во земјите од Југоисточна Европа како еден од предусловите за демократско општество.
________________________________________________________________________
ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – БУДИМПЕШТА
Институтот отворено општество (ОСИ) е основан во 1993 год. од страна на Џорџ Сорос како поддршка на неговите фондации во Централна и Источна Европа и тогашниот Советски Сојуз. Фондациите се создадени почнувајќи од 1984 како помош за земјите кои поминуваат низ процесот на транзиција.
Институтот отворено општество го промовира демократското управување, човековите права, економските, правните и социјалните реформи. На локално ниво Институтот имплементира повеќе проекти за поддршка на судството, образованието, здравството и незавизните медиуми.
________________________________________________________________________
АКАДЕМИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Академијата за развој во образованието е основана во 1961 година како непрофитна, добротворна организација. Оттогаш претставува една од најголемите светски организации кои го поддржуваат човековиот социјален развој. Мисијата на АЕД е да ги подобри животите на луѓето и да помогне во решавање на социјалните про
блеми нудејќи современа технологија и мултидисциплинарен пристап кон човековиот развој. АЕД работи на повеќе од 250 програми низ повеќе од 150 земји во Африка, Азија, Европа, Латинска Америка, Блискиот Исток како и низ територијата на Соединатите Американски Држави.
_______________________________________________________________________
ШВЕДСКИ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Шведскиот хелсиншки комитет за човекови права (СХЦ) постои од 1982 год. како политички и религиозно независна, невладина организација. Целта на СХЦ е да го зголеми почитувањето на човековите права и слободи како и да придонесе за демократскиот развој на сите земји потписнички на Хелсиншкиот договор.
СХЦ има околу 170 членови од Шведскиот парламент, Шведската академија, Кралската академија на науки, Шведската унија на автори, синдикати и индивидуи кои се заинтересирани за човековите права.
Секретаријатот на СХЦ се наоѓа во Стокхолм, со регионална канцеларија во Белград и теренски канцеларии во Скопје и Сараево.
________________________________________________________________________
БТД (BALKAN TRUST FOR DEMOCRACY)
БТД е десетгодишна иницијатива која доделува грантови за поддршка на доброто управуавње во Југоисточна Европа. Проектот почнува да работи во 2003 год. како соработка помеѓу German Marshall Fund, Американската агенција за меѓународен развој и Фондацијата Чарлс Стујарт Мот.
БТД е сместен во Белград, а дава грантови во Србија и Црна Гора, вклучувајќи го Косово, Македонија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.
Фондовите се даваат на НВО, цивилни групи, образовни институции и медиуми за да се зајакнат демократските институции во овој дел од Европа.
________________________________________________________________________
ФРАНЦУСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
Центарот за културна и јазична соработка е отворен во 1974 година како најстара странска интитуција која е сеуште активна во Македонија. Центарот работи на ширење на францускиот јазик и култура преку своите активности кои вклучуваат изучување на францускиот јазик преку различни програми од основните предучилишна настава па се до универзиттите, како и програмата за културна соработка која во изминатите години овозможила македонската публика да се сретне со голем број француски уметници и да се запознае со француското творештво.
________________________________________________________________________
МЕДИУМСКИ ИНСТИТУТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ
Институтот за известување за различностите (МДИ) е непрофитна организација која ја користи моќта на медиумите за да го намали конфликтот помеѓу различните групи, да ги зголеми човековите како и правата на малцинствата и да промовира поголемо разбирање за социјалната разновидност. Институтот се наоѓа во Лондон а има свои канцеларии и во Ерменија, Азебејџан и Грузија. МДИ соработува со медиумски организации, новинари, новинарски едукатори, НВО и властите со цел да се спречи конфликтот меѓу различните групи и да се промовира балансирано новинарство без предрасуди.
Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ) е член на Мрежата за Известување за Различностите.
_______________________________________________________________________
ЦЕНТАР ЗА ВОЈНА, МИР И МЕДИУМИ
Центарот за војна, мир и медиуми работи во рамките на универзитетот Њујорк и е непрофитна и непристрасна организација која ги поддржува новинарите и медиумските организации во нивните напори за што е можно подобро и понавремено информирање на граѓаните.
________________________________________________________________________
НОВИНАРСКА ШКОЛА ОД ЛИЛ (ЕСЈ)
Новинарската школа од Лил, Франција е основана во 1925 година. Денес Школата е една од најрномираните институции кои нудат новинарска едукација во Франција и е во процес на отворање на Іин хаусІ програми за обука во повеќе од 40 земји низ светот. Новинарската школа од Лил е во постојана соработка со странски тренинг центри како и странски медиуми- печатени медиуми, радио, ТВ и сл. Школата соработува и со медиумски организации од Југоисточна Европа меѓу кои е и Македонкиот Институт за Медиуми (МИМ).
ЕСЈ соработува со МИМ од 2001 година преку организирање на обуки за доедукација на медиумските професионалци во Македонија. Една од примарните цели на ЕСЈ кога станува збор за новинарската едукација во Македонија е зајакнување на тренинг капацитетот на МИМ.
_______________________________________________________________________
MEЃУНАРОДЕН ЦЕНТАР ЗА НОВИНАРИ
Во своето двеаесетгодишно постоење Меѓународниот центар за новинари од Вашингтон се стреми кон остварување на својата мисија, т.е. развивање на слободно и професионално новинарство како предуслов за демократско општество. За да се постигне сето ова потребна е новинарска едукација на високо ниво, а таа за жал честопати им недостига на новинарите. Од друга страна некои од нив се недоволно платени и немотивирани за извршување на своите должности. Токму затоа, Меѓународниот центар за новинари се залага за објективно новинарство и добро менаџирани и финансиски независни медиуми.
Македонскиот институт за медуми досега има учествувано во неколку проекти на Меѓународниот центар за новинари.
________________________________________________________________________
МЕЃУНАРОДНА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИ
Меѓународната федерација на новинари од Брисел е најголемата светска организација на новинари основана во 1926 година. Федерацијата е повторно основана во 1946 година а цегачната форма ја добива во 1952. Денес оваа организација има 500.000 членови од 100 земји низ светот. ИФЈ ги промовира слобоното новинарство,човековите права, демократијата и плурализмот наспроти (зло)употребата на медиумите во политичка пропаганда, промовирање на нетолеранција и иницирање етнички конфликт.
ИФЈ ги штити интересите на новинарите во рамките на сустемот на Обединетите Нации и меѓународниот синдикат на новинари.
________________________________________________________________________