Македонскиот институт за медиуми е една од водечките организации во Република Македонија за обучување, консалтинг и испорачување на разни содржини од областа на односите со јавноста и комуникацијата со медиумите. МИМ е една од првите организации во земјава што се занимава со оваа тематика. Уште во 2003 година Институтот го издаде прирачникот “Како да комуницирате со медиумите”, кој е прв прирачник од ваков вид и најкористена книга за стекнување на основни познавања за односите со јавноста во Македонија. Во 2008, МИМ ја основаше и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со што за првпат се овозможи и формално високо образование во оваа сфера.

Освен едукација за совладување на основните вештини и алатки за јавно комуницирање, организирање на настани, осмислување и спроведување кампањи, МИМ испорачува и услуги во посложените содржини од сферата на односите со јавноста, како создавање и врамување на пораки, креирање на комуникациски стратегии и планови, системи и процедури за корпоративно комуницирање, менаџирање и буџетирање на односите со јавноста, менаџирање во кризни ситуации итн.

Експертите на тимот на МИМ за односи со јавноста се истакнати медиумски професионалци, со долгогодишно искуство во медиумите и во односите со јавноста на сите нивоа.

 

Информации за основните техники и вештини во јавното комуницирање, како и новини за светските трендови во односите со јавноста можете да најдете на веб-страницата на МИМ за оваа област, www.pr.org.mk

Напишете коментар