Обуки


Обука- Менаџмент во печатените медиумиОд 19 до 25 мај 2001 год, МИМ организираше обука за менаџмент во печатените медиуми. МИМ обуката ја организираше во соработка со Светската Асоцијација на Весници -WAN, а учествуваа 11 новинари од Македонија, Албанија, Босна, Бугарија, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора и Хрватска.
Обука “Известување за различностите”

Од 12 до 22 јуни, 2001 год., се одржа обука на тема “Известување за рзаличностите”,наменета за новинари од дневните венсици на македонски, турски, албански и ромски јазик. Повеќе

Односи со јавноста за претставници на локалната самоуправа-2001

Проектот за односи со јавноста за претставници на локалната самоуправа имаше за цел да понуди обука која би ја подобрила комуникацијата помеѓу кадрите на локалната власт и медиумите. На овој проект МИМ соработуваше со Програмата за реформа во локалната самоуправа спонзорирана од УСАИД. Почнувајќи од 2001 година, МИМ и оваа програма организираа вкупно пет работилници за вработените во локалната власт. Повеќе

Работилници, конференции, тркалезни маси


Работилници за истражувачко новинарствоВо април 2001, МИМ во соработка со Канцеларијата за односи со јавноста (ОПА) на Американската амбасада во Скопје организираше три работилници за истражувачко новинарство (две во Скопје и една во Штип).
Работилници за односи со јавност

Во соработка со Проектот за реформи во локалната администрација во Македонија, на 11 и 12 јуни 2001, МИМ организираше работилница за односи со јавноста за вработените во единиците на локалната администрација во општините во Македонија.
Конференција-Медиумите и конфликтот во Македонија

На 14 септември, 2001 беше организирана конференцијата „Медиумите и конфликтот во Македонија“. Во рамките на конференцијата беа одржани три панел дискусии кои беа посетени од околу 100 учесници од Македонија и регионот.

Конференцијата ја организираше МИМ во соработка со Freedom Forum European Center, London и Ирекс Промедиа- Македонија.
Ревизија на кодексот на новинарите во Македонија

Во периодот октомври 2001 – јануари 2002 година беше спроведен проектот Ревизија на кодексот на новинарите на Македонија. Во рамките на проектот се одржаа две конференции на кои се работеше на ревизија на кодексот на новинарите на Македонија. Повеќе

Изложби


Изложба- Мед и крвНа 13 септември, 2001 во Музејот на Современа Уметност во Скопје се одржа изложбата на фотографии “Мед и крв″ на Рон Хавив. Изложбата беше организирана во соработка со Freedom Forum European Center, London и Ирекс Промедиа- Македонија. Во рамките на изложбата беше издадена брошурата “Балкански воен дневник”.Изложба- World Press Photo 2001

На 23 февруари 2001 год. Македонскиот институт за медиуми за првпaт ја донесе во Скопје светски познатата изложба за новинарска фотографија World Press Photo. На изложбата која беше отворена до 17 март, 2001 год. беа претставени 207 фотографии, кои не само што го презентираат најдоброто од новинарската фотографија во 2000 година, туку истовремено претставуваат и историски документи за најзначајните настани од истата година. Независно меѓународно жири, составено од девет членови, секоја година ги оценува фотографиите (во девет различни категории), поднесени од фоторепортери, агенции, весници и списанија од сите страни на светот.
За најдобра фотографија за 200 година беше прогласена фотографијата од САД “For Life” на Лара Џо Реган. Повеќе

Публикации


Објавување на прирачникот “Известување за различностите”Во рамките на проектот на МИМ остварен во соработка со Европскиот центар за војна, мир и медиуми од Лондон и Ирекс Промедиа, Македонија прирачникот за новинари “Известување за различностите” беше преведен и издаден на албански јазик. Прирачникот беше дистрибуиран до медиумите кои работат на албански јазик, невладините организации и асоцијации.

Напишете коментар