Во периодот од јануари до јуни 2002, МИМ заедно со Здружението на новинари на Македонија и невладината организација ЗГ Про Медиа ја реализираа Програмата за професионална поддршка на медиумите во Македонија. Основната цел на проектот беше да се влијае брз подобрувањето на професионалните и етичките стандарди на медиумите во Македонија. Како странски партнери учествуваа Данската школа за новинарство, Интернационалната федерација на новинари и Европскиот институт за медиуми. Повеќе
Во рамките на СЕЕНПМ (Мрежа за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа) во 2002 година МИМ организираше три обуки за мултимедиа, известување со помош на компјутер и истражувачко новинарство. Повеќе
Во соработка со ОБСЕ, во текот на 2002 МИМ имплементираше пет медиумски обуки:
- Основни новинарски вештини – обука за новинари Роми (16-20 декември) Повеќе
- Бизнис менаџмент за мали, приватни радио и ТВ станици, обука за сопственици, директори, менаџери (25 – 29 ноември 2002). Повеќе
- Обука за маркетинг/адевртајзинг за мали, приватни радио и ТВ станици за маркетинг директори, комерцијални директори или агенти за реклама (2 – 6 декември 2002) Повеќе
- Обука за сниматели (9 – 13 декември) Повеќе
Обуката “Известување за правата на децата” беше организирана од МИМ и канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија. Обуката се одржа од 28 до 30 јуни 2002 во хотелот Гранит во Охрид. На обуката присуствуваа дваесет новинари со повеќегодишно искуство или уредници од редакциите кои следат теми од социјалата, обазованието, правата на децата и слично.
Од 18 до 23 март и од 25 до 30 март 2002 година, Македонскиот институт за медиуми организираше две еднонеделни обуки за новинари кои покриваат економски теми. На обуките учествуваа вкупно 22 новинари од печатените и електронските медиуми од Македонија.
Обуките ги спроведе Ричард Еванс, угледен економски аналитичар и репортер кој работел за најпознатите економски списанија во светот, како што се : Economist, Fortune, Financial Times, The Observer, The Guardian, The Independent, Euromoney, The New Work Times, International Herald Tribune итн.
Проектот за односи со јавноста за претставници на локалната самоуправа имаше за цел да понуди обука која би ја подобрила комуникацијата помеѓу кадрите на локалната власт и медиумите. На овој проект МИМ соработуваше со Програмата за реформи во локалната власт спонзорирана од УСАИД. Почнувајќи од 2001 година, МИМ и ДАИ организираа вкупно пет работилници за вработените во локалната власт. Повеќе
Проектот “Парламентарни избори 2002″ беше имплементиран во текот на август 2002 година, а се состоеше од неколку различни активности:
- Обука “Известување за време на избори”
Новинари со работно искуство од македонските медиуми учествуваа на еднонеделната обука. Повеќе - Предизборен новинарски караван
За време на предизборниот караван беа посетени 6 градови низ Македонија и беа организирани тркалезни маси со новинарите од локалните медиуми. Повеќе - Тракалезна маса “Новинарите и парламентарните избори 2002″
Завшната тркалезна маса беше организирана во Скопје. Повеќе
Проектот ТВ Магазин “Контрафор” беше имплементиран од страна на МИМ со помош на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, Центарот за војна, мир и медиуми од Њујорк и Меѓународната организација за миграции (ИОМ).Во проектот зедоа учество седум ТВ станици од регионите зафатени од конфликот во 2001 година. Повеќе
Од 12 декември 2002 до 7 јануари 2003 по втор пат во Музејот на современа уметност во Скопје беше организирана изложбата за новинарска фотографија World Press Photo 2002. Изложбата содржеше 160 фотографии од конкурсот за најдобра новинарска фотографија на WPPh за 2002 година, меѓу кои и победничката фотографија Ерик Рефнер од Данска “For Berlingske Tidende”. Оваа изложба воедно беше прогласена за најпосетен настан во 2002 година во Музејот на современа уметност. Повеќе
Во март 2002 година, Македонскиот институт за медиуми ги додели наградите за надобра истражувача сторија објавена во медиумите во Македонија во текот на 2001 година. Конкурсот за најдобра истражувачка сторија беше објавен во ноември 2001, а пристигнаа 140 наслови (објавени во печат, радио или ТВ) од 55 автори. Повеќе