МИМ спроведува обуки за новинари, претставници на граѓански организации, претставници на локална самоуправа, државни институции и други заинтересирани субјекти.

Институтот реализира обуки од следните области: слобода на изразување, истражувачко новинарство, професионално и етичко известување, известување за човекови права, лобирање и застапување, граѓански активизам и мултимедија, медиумска писменост, односи со јавност и комуникација со медиуми, вештини на презентирање, интер-етничка инклузивност.

Повеќе од дваесетина реномирани уредници и новинари од највлијателните медиуми на македонски и на албански јазик, како и стручни лица од областа на комуникациите и односите со јавноста го сочинуваат тимот обучувачи на МИМ. Преку континуираното професионално надградување на обучувачите и соработката со истакнати светски медиумски експерти, МИМ ги пренесува актуелните светски новинарски и медиумски практики до нашите новинари.

Напишете коментар