Во периодот од јануари до март 2003, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Асоцијацијата на печатени медиуми и новински агенции во Македонија (АПМНАМ), а поддржан од Norwegian People Aid, го спроведе проектот за обука на медиумските професионалци од печатените медиуми. Овој проект опфати три еднонеделни обуки за претставници од печатените медиуми во земјава, на следниве теми: Бизнис менаџмент, Реклама и маркетинг за печатените медиуми и Јакнење на капацитетот на Асоцијацијата на печатени медиуми на Р.Македонија. Повеќе
Би Би Си во периодот од 3 до 21 февруари во просториите на Македонскиот институт за медими, реализираше три еднонеделни обуки за новинари. МИМ учествуваше во организацијата на овие тренинг обуки.
Во март и април 2003 година Македонскиот институт за медиуми (МИМ) финансиски поддржан од НПА (Norwegian Peoples” Aid) и ИОМ (Интернационалната организација за миграција) организираше две еднонеделни новинарски обуки на тема “Известување за корупција”. Повеќе
Во рамките на својата активност за поддршка на истражувачкото новинарство, од 5 до 9 мај и од 26 до 30 мај 2003 МИМ спроведе две обуки на оваа тема за 24 новинари. Повеќе
Во периодот април-декември 2003 год. МИМ во соработка со Ирекс Промедиа го организираше и спроведе проектот за новинари почетници. Младите новинари следеа тримесечна обука на тема “Основи во новинарството во печат, радио и ТВ”, а беа поделени во следниве групи:
- Новинари од редакциите на албански јазик
- Печатени медиуми
- Две групи за радио и ТВ
Во соработка со експерти од Новинарската школа од Лил, МИМ организираше двонеделна обука за новинари кои работат во радиостаниците низ Македонија. Повеќе
Проектот за односи со јавноста за претставници на локалната самоуправа имаше за цел да понуди обука која би ја подобрила комуникацијата помеѓу кадрите на локалната власт и медиумите. На овој проект МИМ соработуваше со Програмата за реформи во локалната власт спонзорирана од УСАИД (ДАИ). Почнувајќи од 2001 година, МИМ и ДАИ организираа вкупно пет работилници за вработените во локалната власт. Повеќе
Проектот “Како медиумите го покриваа конфликтот во Македонија” се состоеше од два дела: издавање на книгата “Македонија:конфликтот и медиумите” и организација на конференцијата “Улогата на медиумите во конфликти”.
Книгата која ја издаде МИМ ги презентираше личните гледишта на 14 домашни и странски новинари во врска со медиумското покривање на конфликтот во 2001 година.
Конференцијата се фокусираше на улогата на медиумите за време на конфликт како и важноста на одговорно известување за време на конфликт.
Во периодот 2002-2005 МИМ оствари успешна соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Проектот имаше за цел да го подобри корпоративното управување и имплементацијата на новиот закон за трговски друштва кој стапи на сила на 1 јули 2003 год. За времетраењето на проектот МИМ и ПКУЗТД организираа голем број на работилници во Скопје и други градови во Македонија за новинари кои покриваат економски теми. Повеќе
Во 2003 год. МИМ заедно со Ирекс Промедиа ја организираше тркалезната маса “Известување за трговија со луѓе на Балканот” во која учествуваа новинари од земјата и регионот кои известуваат за оваа тема. За време на одржувањето на овој настан МИМ го најави доделувањето на наградата “Најдобра новинарска сторија за трговија со луѓе” за 2003 година.
“Како да комуницирате со медиумите” е прирачник за невладините организации и сите субјекти кои коминицираат со медиумите. Прирачникот содржи практични информации и совети, кои на корисниците ќе им помогнат во подобрувањето на нивната комуникација со медиумите. Прирачникот е издаден со поддршка од Канцеларијата за градење доверба (CBI) при Меѓународната организација за миграции во Скопје.
Македонскиот институт за медиуми на 19 декември во хотелот Холидеј Ин во Скопје свечено ги додели новинарските награди од конкурсот за: “Најдобра сторија за спречување на трговија со луѓе 2003″. На конкурсот во 2003 пристигнаа вкупно 50 стории објавени во весник, радио и ТВ.
Овој проект имаше за цел да го поттикне истражувањето и известувањето на оваа тема во медиумите во Македонија. Повеќе
Почнувајќи од 2001 год. МИМ ја доделува новинарската награда за најдобра истражувачка сторија на годината. Во текот на изминативе години оваа награда прерасна во едно од најпрестижните новинарски признанија во македонската медиумска заедница. МИМ основаше и фонд за поддршка на истражувачкото новинарство, така што секоја година поддржува околу 10 млади новинари и нивните идеи за истражувачки стории. Повеќе
Од 17 декември 2003 до 12 јануари 2004 год. во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворена изложбата “World Press Photo 2003”. Изложбата содржеше 176 фотографии од конкурсот за најдобра новинарска фотографија за 2002 година. Меѓународното жири на 46-тиот годишен World Press Photo натпревар, за најдобра фотографија за 2002 година ја прогласи црно-белата фотографија на ерменско – американскиот фотограф Ерик Григориан “Момче тажи на гробот на татко му после земјотрес”.. Повеќе