МИМ поседува најсовремена опрема и стручен кадар за продукција на видео, радио и Интернет мултимедијални содржини.
Во досегашното работење МИМ реализираше десетина сопствени продукциски проекти како и копродукциски соработки:
- Како дел од проектот за справување со говорот на омраза во јавната комуникација во Македонија и Интернет платфорамата „Безомразно.мк“ беа продуцирани: 10 ТВ дебати посветени на различни аспекти на говорот на омраза во јавната комуникација; 9 мултимедијални герила алатки и 7 групни јавни перформанси против говорот на омраза;
- Како партнер во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, МИМ продуцираше десеттина мултимедијални содржини посветени на различни аспекти на интер-етничката инклузија во образованиот процес;
- ТВ-квиз со енигматско-едукативен карактер „Одиме во ЕУ“, емитуван на ТВ Канал 5. Низ 21 емисија, повеќе од шеесет натпреварувачи ги проверија своите знаења за Европската Унија и за европските вредности;
- Од септември 2005 година, МИМ го реализира телевизиското неделно интервју на Радио Слободна Европа. Интервјуата продуцирани од МИМ, на македонски и на албански јазик се емитуваат на неколку национали и локални ТВ-станици;
- Во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, МИМ продуцираше двонеделна радио и ТВ-емисија со наслов „Нашиот круг”, чија цел беше да го промовира граѓанското новинарство и работата на невладините организации во Македонија. Емисиите се емитуваа на две национални телевизии (Канал 5 и Алсат), на 10 локални ТВ-станици, како и на 14 локални радиостаници во земјава;
- ТВ-магазинот „Контрафор“, продуциран од страна на МИМ во 2002 година, ги спои новинарите Македонци и Албанци, кои заедно изработуваа различни новинарски продукти за локални теми од интерес на граѓаните. Беа продуцирани 12 емисии во времетраење од 30 минути, кои се емитуваа на седум телевизии во областите опфатени со конфликтот во 2001 година;